Saturday, June 27, 2009

DEBORAH LIGHTCREATOR SHINE & VOLUME СЈАЈ И ROLLISSIMA СЕНКА- ПРЕГЛЕД

LIGHT CREATOR SHINE & VOLUME се нови сјаеви на Deborah и ни овозможуваат лесно нанесуванње (на класичен начин), беспрекорна сјајност, екстремен комфорт и згора на сето тоа 2 пати зголемен волумен на усните.

z6576245X

Постои во 7 летни нијанси.

ROLLISSIMA е супер бисерна сенка со практична употерба бидејќи е во стил на роллон!

DeborahRollissima

Супер поради можноста:

  • Да се нанесе брзо,
  • претставува ефектна сенка и
  • практична е поради можноста да се нанесе директно од роллонот на капакот на очите, без употреба на апликатори, со што количината не се расипува!

STOPGREY-СТОП ЗА БЕЛАТА КОСА НА KERAMINE H

26031723533268202 STOPGREY-СТОП ЗА БЕЛАТА КОСА претставува револуционерен производ на KERAMINE H кој е наменет за машката популација, но секако не е забранет и за жените. Се смета дека жените со боење на косата го надминуваат овој проблем, додека мажите ретко се фарбаат затоа KERAMINE H го воведе овој нов производ на светскиот пазар кој сега е достапен и за нас. Овој производ претставува прогресивен лосион за потемнување на природно побелената коса –формула за природен ефект!

Карактеристики:

  • Револуционерен лосион кој ден по ден од неговото користење го заменува меланинот со пигмент кој ја враќа Вашата природна боја на косата.
  • Може да го решите проблемот на побелување на косата уште од првото појавување на белите влакна, или да одберете да го нанесувате на зоните кои се веќе побелени. Може да престанете со нанесување кога ќе посакате да оставите нијанса прошарана или да продолжите се додека белата коса комплетно не биде покриена.
  • Лосионот е безбоен, делува на секој тип на коса и нема интезивен мирис.
  • НЕ ОСТАВА ФЛЕКИ НА КОЖАТА.
  • Потребни се 10 дена до три недели употреба за да се видет првите резултати. Брзина на постигнување на резултатот е важна и од состојбата и квалитетот на Вашата коса: ако косата е потенка и поретка резултатите се побрзо видливи. А ако е погуста и неоштетена тогаш е потребно повеќе време за постигнување на посакуваната нијанса.

На сликата подолу е прикажан ефектот на овој нов и револуционерен производ:

2620081022130517

Навистина изненадувачки!

И уште две изненадувања од KERAMINE H:

KHSo

SO ONE AFTER 8 p.m - Паста за обликување за сите типови на коса. Наменаета е за креирање и обликување на кратките фризури, одвојување и нагласување на прамени, дава природна екстра сјајност на косата, див изглед на фризурата и подолгочасовна трајност. Специфичниот мирис е добиен од светки познатопто чоколадо After 8 и екстракт од нане.

SO ONE (Extra liss) - Масло за израмнување и измазнување за сите типови на коса со екстра свиленкаст ефект. Ги израмнува и измазнува сите типови на коса, дури и природно витканата коса.Не ја измастува,отежнува косата и и дава природно свиленкаст краен ефект. Ја оддржува постигнатата форма подолго време и ја регулира сувоста по должината на влакното. Благодарение на течната свила и дава на косата екстра сјајност, остава пријатен мирис и ја смирува и најпроблематичната коса за обликување. Наменет и за пред употреба на пегла за измазнување на влакно кое тешко се обликува.

Sunday, June 21, 2009

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА НАНСЕУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА НАЈДОБРИТЕ БРОНЗЕРИ

Bronzer Бронзерот е козметичка супстанца која се нанесува на кожата за да и даде бронзена боја. Многу жени ја избегнуваат употребата на овој препарат поради стравот дека ќе изгледаат неприродно или дека лицето нееднакво ќе им биде пигментирано. Битен е вистинскиот избор според основната боја на Вашата кожа и ефектот кој сакате да го постигнете!

  • Бронзерот треба да се користи поради допринос за свежина на изгледот и ублажување на недостатоците. Изберете нијанса така да постигнете природно-препланат тен!
  • Кога бирате во каков облик ке биде Вашиот бронзер (течен, во прав или во облик на крема) одлучете се за оној кој ви е најпрактичен за нанесување.
  • Потебен Ви е мат бронзер доколку сакате да го нанесете на целото лице. Доколку пак го сакате само на одредени делови на лицето тогаш одберете сјаен бронзер.
  • Каков е Вашиот тен?
    • За темен тен бирајте земјени нијанси. Пробајте ги бронзерите на Manhattan.
    • За среднотемен тен бирајте ги нијансите на цимет. Пробајте го Mineral Natural Bronzer на Max Factor.
    • За светол тен избирајте ги посветлите нијанси на бело кафе.

Пробајте и некои други брендови на бронзери, едноставно впуштете и се летната жештина со препланат и заводлив тен!

Не заборавете да ја усогласите бојата на лицето со кожата на телото!

ИЗМЕНИ ВО ВАШИОТ НЕСЕСЕР

Време е да направите измени во Вашиот несесер!

Понекогаш треба да се сменат нештата, без обзир на тоа колку биле добри.

Маскара.Трае околу 3 месеци.Влажната и темна средина погодна е за бактерии, затоа фрлете ја доколку го смени мирисот и никогаш не позајмуваје ја на друг или од друг.

Средство за заштита од сонце. Заменете го со ново секоја година. Обично рок на траење на овие препарати е две ипол години, но сончевата енергија пак погодна е за развој на бактерии, така да многу подобро е во почетокот на сезона да си обезбедите нов препарат за сончање.

Четкичка за заби. Купувајте нова на шест месеци до година дена, особено доколку сте имале проблеми со усната шуплина, грло или заби и почесто заменете ја Вашата четкичка со нова. На враќање дома од одмор едноставно не враќајте ја дома старата четкичка за заби!

Бронзениот тен никогаш не излегува од мода. Денеска се постигнува лесно со разни средства за самопотемнување - магија на 21 век! За да не би чекале годишен одмор и одење на летување како би го добиле конечно обожаваниот препланат тен на Вашата кожа, прошетајте и набавете си еден од препаратите за самопотемнување, со чија помош и дома можете да го постигнете саканиот ефект!

Saturday, June 13, 2009

ЛЕСНИ ТЕКСТУРИ ЗА СВЕЖИНА И УБАВИНА НА КОЖАТА ВО ЛЕТО

Потребите на кожата се менуваат во зависност од годишното време. За да бидеме наградени со резултат на здрава и убава кожа потребно е да ја негуваме кожата правилно и постојано.

Препорачуваме лесни текстури во пресрет на летото со помош на кои кожата ќе ја заштитиме и освежиме, а воедно и разубавиме. Еден од најпотребните елементи во сите годишни времиња е водата во големи количества, особено во лето!

Втор елемент е освежување и оживување на кожата на лицето со тоници, па крема за лице или подлога за шминка (соодветна на возраста) и секако шминка со лесна текстура.

Доколку во зима сте користеле Miracle Тouch крем пудра на MAX FACTOR, во лето користете Natural Minerals пудра на MAX FACTOR која ја збогатува кожата со минерали и не ги запушува порите.

Natural Minerals постои во 4 нијанси + Bronzer, за бронзено потемнет тен!

MiracleT-NaturalMinerals

Доколку сте користеле руменило Revlon blush fard a joues, летово пробајте ги руменилата на DEBORAH Fard  и DEBORAH Hi-tech, постојат по 6 мат и 6 седефни нијанси!

DebHiTechblush

Во замена на Вашиот зимски кармин, пробајте ги сега 3 D-Effet Gloss lipstick на BOURJOIS,кој овозможува тродимензионален волумен и сјај на Вашите усни.

3d_nudes_l

Обезбедете и ја потребната заштита, виталност и еластичност и на кожата на телото.

И за крај не заборавајте ги Вашите стапалата!

MAX FACTOR СЕ ПОВЛЕКУВА ОД САД

Max_Factor_Logo Нешто изненадувачко и сосема неочекувано од гигантот и иноваторот на модерната шминка Max Factor. Procter & Gamble, сопственикот на брендот Max Factor од 1996 година пред некое време најави ќе ја повлечат целата линија на производи на Max Factor од САД, додека брендот ќе продолжи со работа во Европа и Азија.

Во САД владее вчудовиденост за најавите на компанијата Procter & Gamble, бидејќи освен добрата шминка што ја нуди Max Factor, брендот претставува американска икона.

Инаку основачот на компанијата е Max Factor, емигрант од Полска, кој го нарекуваат „татко на модерната шминка“. Тој започнува прв да дизајнира шминка која се користела во филмската индустрија во Hollywood.

Двајцата внуси на Max Factor ги следат чекорите на нивниот дедо и успешно лансирале и работат на шминка од брендот Smashbox Cosmetics.

Sunday, May 24, 2009

НОВА MINERAL COLOUR STAY КОЛЕКЦИЈА НА REVLON

Co воведување на новата Mineral Color Stay колекција на Ревлон ќе добиеме 16 часа постојаност.

Значи можеме да им кажеме збогум на фиксаторите кои ни го правеа лицето како пластично.

Пудрата Минерал ни овозможува усте поголема прекривна моќ! Без мирис е и без масла, тестирана е на осетлива кожа и не предизвикува иритации.

Постои од најсветла,средно светла до медиум нијанса!

P-faceMinFound-lg

Mineral Color Stay технологија на руменило е за жени со потреба бојата да остане постојана цел ден! Руменилото е збогатено со минерален комплекс на Топаз и Седеф, всушност тоа е обично саканата боја која на жената и овозможува природен-освојувачки тен. Постои во 4 нијанси!

 P-faceBlushBronzer-lg

Mineral Color Stay сенки, покривни за осетливиот предел на очите, ќе бидат достапни во 4 нијанси: Тигрово око, Жад, Димен кварц и Магловито синило.

Mineral Color Stay сенки се 12 часовни сенки кои на жената и овозможуваат богат, убав и природен изглед!

 P-eyeShadowCStayMin

Но изгледот на една дама не е потполн без Mineral Color Stay сјај за усните. Наскоро достапен во 8 нови нијанси, кои се постојани на усните до 8 часа!

P-CstayMinLGlaze-lg

Sunday, May 17, 2009

BOURJOIS SWEET KISS LIPCOLOUR

Bourjois исфрли нов бренд на кармин наречен Bourjois Sweet Kiss. Она што е значајно за овие кармини се 2 работи: bourjois

  1. Пакувањето има трендовски клик и влечи дизајн што допринесува до забава при користење
  2. Формула за влажнење која е составена од најдобрите состојки кои овозможуваат интензивно сјајна боја благодарејќи на уникатната мешавина на восоци и масла кои овозможуваат прекрасна сјајност на усните.
Sweet%20Kiss

Согласно сајтот на Bourjois овие кармини овозможуваат 8 часовна влажност на усните. Лесно се нанесува со само еден брзо движење. Овој кармин остава едно навистина лесно чувство на усните. Истражувањата на Bourjois покажале дека најважните критериуми при избор на кармин за жените се:

  1. Бојата на карминот
  2. Текстурата што ја добиваат
  3. Начинот на нанесување

По едно такво истражување во лабораториите на Bourjois развиен е кармин кој сосема ќе ги замени досегашните традиционални кармини. Значи, нема да допринесува до чувство на тешка маска на усните, бојата ќе биде одлична и да овозможи лесно нанесување со еден чекор на движење низ усните.

Повелете и пробајте го ова ново чудо од кармин. Има прифатлива цена, за првите со попуст и одличен е! Од друга страна оние кои први ќе реагираат ќе добијат подарок мини маскара Volume Glamour Ultra Black на Bourjois. Побрзајте, количините на подарокот се ограничени.

Untitled

Sunday, May 10, 2009

КЛАСИЧЕН HOLLYWOOD LOOK

Класичен Holliwood look - црвени усни и светол make up на очите!

За тренди style потребни Ви се темно црвени усни и очи што блескаат!

Како и со што до еден таков изглед:

На целиот горен капак над окото, се до веѓите, нанесете светкаво бела сенка

Max Factor Earth spirits wicked white eyeshadow

max-factor-earth-spirit-eye-shadow_200x200

потоа повлечете тенка линија со креон Gosh velvet touch eye liner

 img-thing

Искористете го понтенцијалот на Вашите трепки во потполност. Постигнете ефект на вештачки трепки каков не сте ни помилле дека можете да имате. Најголемата четка со 50% повеќе влакненца допринесува останатите четки да изгледаат навистина мали. Нека Вашите трепки достигнат максимум со:

False Lash Effect најновата маскара на Max Factor. Бидете приметени,бидете раскошни!

FalseLashMascara

Усните истакне ги со моливче што не дозволува Вашиот кармин да се разлее од границите на Вашите усни:

Max Factor lip liner fire

1781736281

На крај нанесете црвен кармин:

Max Factor colour perfection flame

max-factor-colour-perfection-lipstick_200x200

Со овој микс од MAKE-UP ќе го добиете саканиот HOLLYWOOD LOOK кој се овозможува со црвени усни и светол make up на очите. Бидете како професионални шминкери и користете професионална шминка за перфектен изглед согласно Вашите омилени идоли.

ДОЈДЕТЕ ДО ЗЛАТНА КНИГА 2009 И ПРОНАЈДЕТЕ ГО ПОПУСНИОТ КУПОН ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУС ВО ДЕКОР КОЗМЕТИКС!

Sunday, May 3, 2009

НОВО: RIMMEL

coty_rimmelГо надополнивме нашиот асортиман со уште еден декоративен бренд за шминка! Англиска шминка на Rimmel, стана дел од понудата во нашиот продажен салон Decor Cosmetics !

Можете да најдете:

Лакови за нокти во 5 нови тренд нијанси! Лесно се нанесува и бргу се суши!

Маскара од Rimmel, за издолжување воедно подвиткување и подкревање на Вашите трепки! И 100% водоотпорна маскара, за природен и драматичен изглед. Офтамолошки тестирана и прикладна за осетливи очи!

И долготраен кармин во 7 шик нијанси. Карминот е збогатен со витамин Е и витамин Б и придонесува за еластичност, подхранување и свежина на Вашите усни!

П.С. Со 470 денари добивате од сите три производа по парче!

Повелете испробајте нешто ново и уверете се во квалитетот на Англичаните!

Sunday, April 26, 2009

КРЕМ РУМЕНИЛО MIRACLE TOUCH НА MAX FACTOR

Стигна новото Крем руменило Miracle touch на Max factor !

Miracle touch новото крем руменило им овозможува природно заруменет изглед на вашите образи. Со нанесување на мало количество од румелилото, при допир на кожата се впива во неа и ја пигментира.

Руменилото Miracle touch на Вашите образи веднаш остава впечаток на целокупен здрав и природен изглед на Вашето лице!

Во продажба постојат 5 нијанси: Soft pink, Soft cardinal, Soft murano, Soft candy, и Soft copper!

Совети од професионални шминкери:

Комбинирајте го оваа руменило со Miracle touch крем пудра три во едно (коректор+течна пудра+ камена) бидејќи лесно се меша и изненадувачки овозможува свеж изглед и беспрекорни резултати.

Па затоа:

УШТЕ НЕШТО...

САМО ВО ДЕКОР КОЗМЕТИКС

BoxMiracle

Miracle touch пакет кој содржи:

  • Miracle touch крем пудра три во едно(коректор+течна пудра+ камена)
  • Miracle touch новото крем руменило!СЛИКА

…со кој што најважно заштедувате и уште побитно добивате беспрекорен make up за свеж и природен пролетен изглед!

Sunday, April 12, 2009

ШИК СО BOURJOIS ОВАА ЛЕТНА СЕЗОНА

Ајде да бидеме ШИК со BOURJOIS оваа сезона!

  • Одберете ја вистинската нијанса од неверојатните 1 Secunde лакови на Bourjois, со кој за 1 минута сте комплет налакирани и исушени.

Bourjois1seconde

  • Нанесете на Вашето лице од подлогата Fond de teint Pinceau со прекрасната четка од 100% природно влакно, за природен и свеж изглед!

fond-de-teint-pinceau_ouvert

  • Со Chol & Contour молив за очи исцртајте ги контурите на Вашете очи, потоа нанесете од сенка Ombre a paupieres No16, No 05, за што поприроден изглед на очите.

755599459

Bourjois-Senka 

  • Подхранете ја природната убавина на Вашите трепки со маскарата Volume Glamur, збогатена со витамин Б, за здрав излед Вашите очи без насолзувања! Или пак доколку носите леќи или наочари искористете ја можност за одлична цена на маскарата Easy наменета за осетливи очи.

 BourjoisVolumeGlamour

За осетливи очи Easy:

Easy_Mascara 

  • За крај нанесете на Вашите усни од новите Eau de gloss, сјаеви кои што се постојани до 4 часа и не се лепат и се со вкус!

Bourjois - Eau de Gloss

Можеби повеќе би сакале да да изгледате ГЛАМУРОЗНО?

  • Подлогата на Вашето лице треба да делува природно! Fond de teint Pinceau, веќе ги задоволува апетитите на добриот дел од Вас почитувани мои. Добивате прекрасен тен со природен изглед.
  • Бела сенка No.90 Blanc Diaphane, е неизбежна за гламурозниот изглед, убаво оди во комбинација со Но.06 Noir Cobalt (лилакова) и, Nо.07 Noir Emeraude (зелена-маслинеста).
  • На усните нанесете од Effef 3D кармин и сјај.

3d_nudes_l

  • Со So Laque, лакот за нокти збогатете го изледот на Вашите нокти со винил и седеф и очекувајте подолга постојаност.

bourjois so laque

  • Со маскарата со Б витамин за природен и здрав изглед на Вашите трепки Volume Glamur,ке постигнете ефектен изглед.

 

Или пак TRENDY LOOCK-от Ви е предизвик?

  • Моливчињата мат за усни Levres contour со меко срце имаат палета за избор на бои во трeнд.

p_levres_contour

  • На очите ставете тиркизно плава сенка Nо.24 Turqoise ensoileille и додајте молив глитер за очи No 35 Bleu etincelat.
  • Mаскара Volume clubbing!

bourjoismascaraduo_2

  • Сјај за усни Eau de gloss! И подготвени сте за нови освојувања!

Monday, April 6, 2009

MAX FACTOR FALSE LASH EFFECT МАСКАРА - ВИДЕО

Сигурно веќе прочитавте за ефектите на најновата маскара на Max Factor FALSE LASH EFFECT или доколку не сте ќе можете да прочитате тука. Оваа маскара претставува револуција во make-up индустријата. Ефект на вештачки трепки со маскара. Погледајте го видеото за презентација на оваа маскара.

 

ЖОЛТО-ВИОЛЕТОВА КОМБИНАЦИЈА ВО ТРЕНД!

Женствен и шармантен изглед за претстоечкиот период во виолетова и жолта комбинација! Доколку сакате елегантен-мачкаст изглед што ја комбинира традиционалната жена и модерната убавина, повелете испробајте го најновиот тренд на комбинации на бои.

Очи: Нанесете на очите бисерно виолетова сенка за очи на целиот горен капак, потоа осветлете ги внатрешните и надворешните агли на очите. За поголем сјај нанесете сјајно златна нијанса под аголот на веѓата.

Вашата маскара треба покрај мачкестиот изглед постигнат со бои да ја истакне дефиницијата на Вашето око, а воедно да го задржи здравиот изглед на Вашите очи и да е без згрутчувања!

Препорака: Max Factor False Lash Effect

FalseLashMascara

Дајте им го на Вашите очи посакуваниот интезитет со тоа што ќе додавате или нeма да додавате одредено количество на сенка!

Препорака: Deborah сенки трио.

trioB

Осветлете ја формата на очите со новиот интезивен туш за очи, со надворешна линија на горниот дел од капакот, осветлувајќи го надворешниот агол употребете виолетов водоотпорен молив за очи одвнатре.

Препорака: Tуш: Max Factor, Seventeen. Молив: Gosh, Manhattan.

Образи: Руменило Deborah број 46.

fard_hi_0000

Усни: Усните исцртајте ги со моливче со меко срце (Bourjois број 24). Потоа усните пополнете ги со кармин во сјајно розева нијанса. За уште повисок сјај додадете го новиот Lip gloss broj 03 pink chic на Deborah.

Дајте му свежина на Вашето пролетно расположение со еден ваков колорит на разиграност на бои и чекорете храбро кон нови освојувања!

Sunday, March 29, 2009

CALVIN KLEIN – SECRET OBSESSION ПАРФЕМ

Егзотичен и атрактивен!

Новиот парфем на Calvin Klein Secret Obsession Edp.50мл. 4060ден.

Ги содржи мирисните ноти на помаранџин цвет и слатка ванила.

Женските парфеми на Calvin Klein се нешто што ТРЕБА да биде во колекција на парфеми на секоја жена. Без разлика дали сакате да си се почестите себеси со нешто екстра специјално за да си го разубавите денот или пак барате пдарок за некој навистина драг, нема подобро нешто од купување на некој од женските парфеми на Calvin Klein. Мирисот на овој парфем се прилагодува на различните типови на кожа на различни луѓе, и може да мириса нешто различно од една до друга жена но сепак мирисот е нешто навистина што е посакуван од секој маж или жена.

 

calvin klein womens perfume

 

Ова е парфемот за кој се крена голема врева во повеќе земји за рекламниот спот кој е доста провокативен и изведен од прекрасната Eva Mendez. Постои забрана, цензура и кратење на спотот во повеќето земји заради секси изгледот и провокативниот настап на прекрасната глумица. Можете да го видите спотот подолу.

 

А еве ја реакцијата на луѓето кога се започна со кампања на овој нов и прекрасен парфем.

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ ОД DECOR COSMETICS

Bourjois Eau De Gloss сјај за узни:

Max Factor Colour Collections кармини:

Bourjois Volume Glamour маскара:

Sunday, March 22, 2009

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ: ПРЕГЛЕД НА BOURJOUIS EAU DE GLOSS СЈАЈ ЗА УСНИ

Во оваа видео ги презентираме сјајевите за усни на Bourjois Eau De Gloss. Во видеото ќе можете да видите за:

  • Карактеристиките
  • Составот и
  • Нијансите

Она што е интересно е многу привлечната цена како и тоа што не е леплив па и рекламата на Bourjois е направена за да прикаже како ветерот не ја лепи косата на усните. Можете да го видите подолу.

 

Официјалната реклама на овие сјаеви можете да ја видите подолу:

НОВА МАСКАРА НА MAX FACTOR – FALSE LASH EFFECT MASCARA

Самото име на оваа маскара ни кажува дека претставува единствена маскара која може да доведе до ефект на вештачки трепки. Сите оние кои имаат мото „колку се подолги, толку се подобри“ тогаш оваа маскара е за нив.

FalseLashMF

Оваа маскара е маскара со најдолга четка воопшто направена. И од нормалните маскари на Max Factor има дури 50% поголема должина. Овие четки се добиени со една сосема нова технологија наречена термопластичен еластомер со што се добиваат 50% повеќе влакна во споредба со Masterpieces маскарите на Max Factor. Овие повеќе влакна нафаќаат повеќе од материјата на маскрата и така се овозможува повеќе ќе се нанесе на трепките. На ваков начин овие четки ќе креираат волумен и тоа не само на коренот на трепките, туку и на целиот пат кон врвот. Четката ги разделува влакната на трепките при што креира природен изглед на трепки со целосен волумен.

Оваа маскара претставува револуција во make-up индустријата кога се однесува на трепки и маскари. Целта на Max Factor со оваа маскара е да им овозможи на жените кои што сакаат да имаат големи, здебелени, целосни и долги трепки (едноставно кажано – вештачки трепки). Но, оваа сакаат да го постигнат со маскара, а не со вештачки трепки. За ваков ефект со обичните (други) маскари често пати доаѓа до таканаречено згрутчување или пак доаѓа до чувство на тежина на трепките.

Оваа маскара е произведена и специјално дизајнирана со Liquid LashTM формула за волуменизирање и во комбинација со долгата четка овозможува прекрасен природен изглед на волуменизирани трепки. Оваа формула овозможува да не се суши бргу при нанесување.

Навистина ЧУДО ОД МАСКАРА.

Sunday, March 15, 2009

ПРЕГЛЕД: КАРМИН COLOUR COLLECTIONS НА MAX FACTOR

Во прилог на овој наслов е видео за преглед на кармините Colour Collections на Max Factor. Во краткото видео од нешто повеќе од 3 минути е опфатено следново:

  • Карактеристики на Colour Collections кармините на Max Factor
  • Како да се избере бојата на карминот
  • Како да се нанесе истиот.

Видеото можете да го погледате подолу!

ШМИНКАЊЕ – УМЕШНОСТ, УМЕТНОСТ, КРЕАТИВНОСТ

Шминкањето претставува комбинација од умешност, уметност и креативност. Разликата помеѓу аматерското и професионалното шминкање е во квалитетот на шминките кои ги користат професионалните шминкери, квалитетот на четките за нанесување и умешност за баратање о тие четки, како и уметноста и креативноста во креација на микс од бои. Процесот е ист, но изборот и кретивноста е различна од еден до друг шминкер. Подолу претставуваме еден процес кој е ист или сличен, но со препораки за избор на соодветнта шминка за да се добие прекрасен, долготраен изглед.

Откако сте ја нанеле на Вашето лице соодветната крема за Вашиот тип на кожата, ќе треба да почекате кожата убаво да ја впие кремата.

  1. Лице. Во првиот чекор нанесет од коректорот (препорака Pan Stik Max Factor) на подочниците и проблематичните места на Вашето лице. Потоа нанесете ја пудрата што ја користите и која е соодветна по составот и по нијансата за типот на Вашата кожа.
  2. Веѓи. Веѓите најпрвин обликувајте ги според обликот на окото, а потоа со моливче за веѓи пополнете ги местата каде што самите ќе воочите дека е потребно. Препорачуваме да побарате производи кои што имаат двоен ефект: маскара со четкичка за веѓи, сенка со четкичка за веѓи итн. кои ги има Manhattan. На крај исчешлајте ги веѓите од внатрешноста кон надворешноста.
  3. Очи. Очите се најинтересниот и највпечатливиот дел за истакнување на убавината и со малку техника и креативност секоја жена ќе може да успее во тоа. За перфектен изглед потребно е да имате: барем три нијанси на бои на сенки од најсветла до најтемна (препорачуваме сенки Trio на Deborah), моливче или туш за очи од најтемната нијанса која планирате да ја нанесете (препорачуваме Seventeen туш или моливче за очи Gosh) и маскара која треба да е соодветна според потребите на вашите трепки во однос на густина, должина и други ефекти. Започнете со нанесување на сенката со најсветлата нијанса на горниот дел од капакот, потоа исенчајте ја со најтемната нијанса од надворешниот дел на капакот (кој треба да биде најтемен) кон внатрешноста некаде до средината. Со апликаторот или четка за очи (препорачуваме четки Gosh Professional) исцртајте го капакот со тенка линија по целата должина се до внатрешниот агол и потоа нанесете туш или креон на граница помеѓу трепки и почетокот на капакот и на долниот дел од окото по целата должина за да го исцртате обликот на Вашето око, а во исто време Вашиот поглед да добие длабина. Можете од најтемната боја на сенка слободно да додадете и на надворешниот агол кон надолу некаде до средината на окото се тенок не нападен слој. На крајот нанесете ја Вашата омилена маскара во два слоја (препорачуваме маскара со витамин B за осетливи очи – Bourjois, маскари со повеќе од еден ефект или евентуално маскарата 2000 Calorie од Max Factor). Нанесувајте длабоко од коренот кон надврешноста и почекајте малку од првото до второто нанесување.
  4. Усни. Вашите усни најпрвин дехидрирајте ги со некој балсам или лабело половина час пред нанесување на бојата, овде станува збор за долготрајните и постојани кармини по 8 до 10 часа. Потоа исцртајте ги контурите на усните со нијанса до две потемна од бојата на карминот кој планирате да го нанесете. Потоа нанесете од карминот во тенок слој од карминот, почекајте малку па нанесете од сјајот.
  5. Руменило за лице (препорачуваме Bourjois). Пронајдете си ја Вашат нијанса соодветна на Вашиот тен и со четка (препорачуваме четки со природно влакно) нанесете го од внатрешниот дел на образот кон надворешниот, во потенок слој за да можете да додадете боја по потреба. 

Sunday, March 8, 2009

СЕНКИ ЗА ОЧИ DEBORAH – TRIO HI TECH EYE SHADOW

Овие трио сенки на Deborah содржат целосно благи и проѕирни нијанси и во нив се наоѓаат крупни сјајни честици кои дискретно даваат сјај над Вашите очи како надополнување на внимателно вклопените бои на сенките во едно пакување.

Сенките се достапни во 8 различни рачни палети кои содржат трио од перфектно ултра координирани бои кои се преливат спакувани во сенки за стилски и софистициран изглед посебен за професионалните шминкери.

Deborah-HiTech-Trio

Светкавиот прав додека ги нанесувате паѓа насекаде околу очите па потоа можете да имате светки и на образите, околу очите и со мала интервенција со четка може да добиете неверојатни ефекти.

За нанесување се препорачува во следниве чекори:

  1. Првин да се нанесе на целиот капак на окото најсветлиот дел во вид на основа,
  2. Потоа средна нијанса по темнина да се нанесе на контурите и аглите на очите
  3. На крај најтемната нијанса да се додаде на линија над трепките.

За да направите изгледот на очите по нанесување на овие четки да биде перфектен ќе треба да ги нанесете со поквалитетен апликатор.

МАСКАРА VOLUME GLAMOUR ULTRA BLACK НА BOURJOIS

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Одлично однесување, Одлично раздвојување/ Траен волумен

Овозможува рапидно, без вгрутчувања нанесување благодарејќи на нејзината прецизна четка. Двојно го зголемува волуменот на трепките веднаш по првото поминување и перфектно се задржува без грутки. Во својата формула содржи витамин B кој влијае на здрав изглед на вашите трепки.

Sunday, March 1, 2009

DEBORAH – 24 ORE PERFECT FOUNDATION ПУДРА

Deborah24OreПудрата 24 ORE PERFECT FOUNDATION на DEBORAH овозможува 24-часовен перфектен покривачки ефект. Oвозможува свиленкаста текстура за вистински кадифено мазен финиш. Формулирана е со силен комплекс (Power Stay Complex) кој зачудувачки долго останува на лицето без да остави траги на вашата облека. Дава светлина која паѓа во очи за креативен ефект. Во неа е интегриран заштитен фактор SPF 10 кој ја штити кожата од предвремено стареење како и од UV радијација. Како состојка за сончевите зраци пудрата содржи Titanium Dioxide кој овозможува и UVA и UVB заштита. Прилагодена е за сите типови на кожа и е хипералергенска. Поради кремастата конзистентност пудрата лесно се нанесува. На кожата и дава меко и мазно кадифено чувство заради еден од активните ингредиенти Dimethicone, силикон кој ја задржува влажноста на кожата и ја израмнува истата. Покривањето е одлично и доста природно.

Оваа пудра е достапна во 5 нијанси. Главните предности на оваа пудра е тоа што овозможува свиленкасто чувство, има SPF и добро покрива.

Monday, February 23, 2009

ЕДНА ВИСТИНИТА ПРИКАЗНА ЗА НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ

Би сакале да поделиме со Вас некои информации кои ги имаме, а кои вие заслужувате да ги знаете. Во последно времLagiе се почесто го користиме зборот „НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ“ па би сакале првин да го опишеме значењето на тој збор. Но, дали е доволен тој збор за онаа што сакаме да го опишеме? Како прво МОРАЛ  се грижи за принципите на право и погрешно или за исполнување на стандарди поврзани со некои принципи. Значи се што не е право е погрешно и се што не е во склоп со општите принципи на однесување е неморално.

Од друга страна кога велиме НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ мислиме на 2 категории:

  1. НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА. Ова се малопродажните фирми кои работат со фалсификувана стока и кои своите потрошувачи ги  доведуваат во заблуда со нудење на малку пониска цена од оригиналниот таков производ. Вакви НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ како правни лица има два вида: едните кои држат само фалсификувана стока, а ја продаваат како оригинал и кои лесно можат да се откријат и другите кои држат оригинал (еднаш набавен) и потоа го надополнуваат со фалсификувана стока за да добијат на цена. И за двата типа карактеристичен им е само ПРОФИТОТ, а не задоволување на потрошувачот.
  2. НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ КАКО ФИЗИЧКИ ЛИЦА. Ова се личност кои се поврзуваат со продажба на фалсификувана стока. И тука може да разликуваме два типа на НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ: едниот се претприемачите (газди на продавницата) кои со своето однесување носат НЕМОРАЛ и другите се самите продавачи кои за да стават нешто во џеб над платата набавуваат фалсификувана стока и ја мешаат со оригиналната.

Вакви НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ постојат особено во помалите градови, додека во Скопје е помалку изразено. Еве еден пример: НЕМОРАЛЕН ПРОДАВАЧ набавува оригинална стока иако до сега повеќе години работи со „Ш“ категорија на шминка. Но, тој не знае да ја продава бидејќи не научил да работи со оригинали. Козметичката индустрија бара постојано проучување (во еден од наредните блогови ќе ви покажеме како ДЕКОР КОЗМЕИКС учи и од ден во ден го проширува сопственото знаење за шминка и козметика) за да се знаат карактеристиките на одделни видови на производи. Тогаш НЕМОРАЛЕН ПРОДАВАЧ носи одлука да набави фалсификувани производи од тој бренд за да ги измеша со оригиналните и да ја намали цената. Некој ќе купи оригинал бидејќи ќе има среќа се додека не ги испродаде. Но, некој ќе купи фалсификат,а ќе плати малку поевтино од оригиналот, бидејќи ќе нема среќа. Е затоа тој продавач претставува НЕМОРАЛЕН ПРОДАВАЧ.

ВНИМАВАЈТЕ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕМОРАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ ДА ВЕ СТАВАТ ВО БАРАБАНОТ БИДЕЈЌИ ПОСЛЕДИЦИТЕ СЕ ОГРОМНИ!

Sunday, February 22, 2009

ЕДНО АМА ВРЕДНО

Дали сте се нашле во состојба да погледнете во Вашата чанта или кутија кај што ја чувате Вашата шминка или козметика и да пронајдете некои шминки или козметички препарати кои што сте ги купиле, а не ги користите? Секоја од тие препарати имаат рок на траење после отворањето (најчесто 3 до 6 месеци). Дали ви се случило да фрлите полна кеса со шминка и козметика на која и изминал рокот? Ова се прашања кои реба да ги размислите. Не се работи за гардероба, туку за производи кои се во директен контакт со Вашата кожа и кои може да имаат огромни последици врз Вас.

Кина и Турција си го направија своето. На пазарот во повеќето источноевропски земји се наоѓаат производи кои не одговараат по квалитет и стандард кој е препорачлив од експертите. Се произведуваат по подруми и се лепат етикети на познати брендови. Кога стигнат кај нас доаѓаат до малопродажба и преку неа до самите Вас (корисници). Неморалните продавачи на таква „брендирана“ стока ја продаваат за нешто малку поевтина цена од вистинската брендирана стока. Но КВАЛИТЕТОТ не е ист и не одговара на цената која сте ја платиле. Има безброј примери кои ги знаеме како НЕМОРАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ ја мешаат оригиналната стока со фалсификувана и се со цел на брза заработка. НЕКА ИМ Е НА ЧЕСТ ТАКВИОТ НАЧИН НА РАБОТА. Само треба да помислат што се може да им се случи на потрошувачите на таквата фалсификувана стока, и дека ќе треба да ги носат на душа.

Козметика и шминка се продава во воопшто неприфатливи услови за чување на такви производи. Замислете само на зелените пазари во услови на над 40 степени целзиусови, вие купувате шминка. Секој производ бара да се чува на одредена температура и временски услов. На пример да се чува на температура од 20-тина степени целзиусови и суво место. Дали во зимски период на зелените пазари постои влага? Секако да.

Значи на пазарот можете да најдете од најефтини производи до скапи но фалсификувани. Некои ќе ги користите, а некои ќе ги фрлите. Затоа кога купувате шминка или козметика купувајте поретко, но поквалитетно и сигурно дека ќе заштедите од оние невидливи ефекти натрошење.

Monday, February 16, 2009

ДЕКОР КОЗМЕТИКС ВИДЕО - МИСИЈА

Кратко видео за тоа што можете да најдете во Декор Козметикс и за тоа дека разликата е КВАЛИТЕТ И ВРВНА УСЛУГА. Нашата мисија е да обезбедиме производи со врвен квалитет и да го препорачаме оној кој најмногу ќе одговара на потребите на потрошувачот преку постојана едукација за производите што ги нудиме и да обезбедиме клима на пријатност при купвање. Она што е важно КВАЛИТЕТОТ во оваа работа се обезбедува без мешање на оригинали и фалсификати за ДА СЕ ДОБИЕ НА ЦЕНА. Зад секој производ стоиме ние и нашите добавувачи и за секој производ кај нас постои ДОКУМЕНТ. Секој производ кој го имаме прво се проучува преку материјали добиени од увозниците, преку материјали од интернет и преку лично пробување заради обезбедување на искуство кое можеме да го преточиме во ВРВНА УСЛУГА.

 

Saturday, February 14, 2009

10 ЧЕКОРИ ЗА СОВРШЕНО ШМИНКАЊЕ

  1. Нанесете подлога за шминка – крема за лице соодветна за вашиот тип на кожата
  2. Коректор (Препорака: PAN STIK – Max Factor) за да ги покриете недостатоците на Вашата кожа (црвенила, пеги, флеки, подочници итн.)
  3. Нанесете пудра на Вашето лице по целата површина на кожата и вратот (Препорака: Age Renew – Max Factor за свеж и постојан изглед до 12 часа)
  4. Истакнете ги Вашите веѓи со моливчe соодветно на бојата на Вашите веѓи и исчешлајте ги.
  5. Потоа исцртајте ги контурите на Вашите усни со моливче кое има боја која што ви е омилена и една нијанса потемна од карминот што планирате да го нанесете.
  6. Нанесете траен кармин во еден тенок слој кој има трајност од 8 до 10 часа, почекајте 2 минути додека се исуши на Вашите усни потоа нанесете го сјајот кој се продава заедно со карминот така да наредните 8 часа нема потреба да нансеувате од бојата, доволно е нанесување само на сјајот (Препорака: Max Factor Lipfinity Lip Color – трае 8 часа).
  7. На внатрешниот агол од окото нанесете ја најсветлата нијанса од палетата на бои на сенки кои што ги планирате за тој ден. На надворешниот агол од окото нанесете 2-3 нијанси потемна сенка и исенчајте ја. На горниот дел од капакот можете да нанесете боја сродна на претходните 2 бои или пак некоја трета која што треба хармонично да се вклопи со стајлингот кој го планирате, а да не дозволите окото да ја изгуби својата форма. (Препорака: Deborah сет ЦВЕТ кој содржи 16 бои на сенки, 5 сјаја, 2 компактни пудри, едно руманило, две бронзени пудри за исончан тен, 3 апликатори и огледало).
  8. Исцртајте ги контурите на Вашето око со креон – молив за очи во боја или пак туш за да допринесете за длабина на вашиот поглед.
  9. Маскарата нанесете ја од корен накај надворешната страна извлечувајќи ги трепките до врвот. Нанесете уште еден слој од средината кон врвовите за да ги извиткате вашите трепки нагоре.
  10. Направете насмевка на Вашето лице и нанесете од руменило од јаболчниците кон надворешната страна и исенчајте го челото, носот и брадата без да нансеувате од руменилото. (Со онаа што веќе еднаш е нанесено на четката).

И веќе сте спремни за излегување.

За вечерна шминка и за посилен ефект сенката за очи нанесете ја со мокар апликатор и за финиш можете да систавите шајнар на лицето (Препорака: Manhattan – Liquid Glow)

СЕНКИ ЗА ОЧИ

При изборот на основа за шминка постојат построги правила бидејќи морате да ја зиберете онаа која одговара на Вашиот тип на кожа (сува или мрсна, чувствителна или нечувствителна). Додека пак при избор на сенка за очи слободно можете да ја истакнете вашата креативна страна. Постојат различни видови и нијанси на сенки за очи. За перфектен изглед влијание ќе има Вашата реативност и уметничкиот дух кој го поседувате. Но, сепак боите треба да ги ускладите.

Вашите очи се најзапазената точка од вашето лице. Секогаш кога некој ќе ве погледне во лице прво ве погледнува во Вашите очи. Доколку, не ја истакнете шминката на Вашите очи другите напори во шминкањето ќе останат незабележани. Бидете сигурни дека техниката на шминкање на вашите очи и изборот на сенка за очи зависи од обликот и бојата на вашите очи.

Со сенка за очи можете да создадете нов облик и големина на очите, да ги истакнете онака како што посакувате, да ги направите да личат на вашите омилени холивудски ѕвезди. Значи имате простор за креативност колку што посакувате. Имајте секогаш на ум дека ако користите премногу светла или темна сенка таа може да се изгуби или да се собере. Кога нанесувате сенка нанесете ја прво најсветлата нијанса низ целото око од трепките па до веѓите. Светлата нијанса ќе ви биде како подлога за сенка, а понатаму која боја ќе изберете зависи од бојата на вашите очи и нијансата на кожата. Зависи од оа колку акате да ги истакнете Вашите очи и каков контраст сакате да постигнете.

 

Senki1 Senka2

Senka3 Senka4

Sunday, February 8, 2009

НЕКОЛКУ ТРИКОВИ ЗА МАСКАРИ

Сакате Вашите трепки да бидат беспрекорни? Сакате Вашите очи да изгледаат беспрекорно во комбинација со Вашите трепки? Маскарата е една од најважните производи за убавина. Маскарите се тие кои ги издолжуваат Вашите трепки (доколку имате кратки). Маскарите се тие кои им даваат волумен на Вашите трепки. Маскарата е производ кој во комбинација со други шминки Ви овозможува беспрекорен изглед. Но, од друга страна маскарата е доста проблематичен производ. Може да остави грутки на Вашите трепки. И тоа навистина нервира. Се работи за доста сензитивен дел од Вашата глава – очите.

Еве неколку трикови кои можете да ги применувате кога се работи за масакара за да имате беспрекорен изглед:

  1. Користете поквалитетни маскари. Немојте да штедите на маскара. За 200-400 денари на неколку месеци тоа се по 100 денари месечно повеќе maskara можете да си направите проблеми со огромни последици. Сепак се работи за трепки кои се во близина на Вашите очи. Очите се доста чувствителен дел од Вашето тело. Може да предизвика брза инфексција. Затоа не штедете на маскара.
  2. Маскарата треба да се заменува секои 2-3 месеци. Не секој производ од шминката стои дека се употребува неколку месеци по отворањето. Внимавајте на тој период. Кога се работи за маскарата секогаш користете нов производ доколку сакате да имате здрави очи. Доколку Вашата маскара произведува грутчиња, тоа може да биде токму заради поминување на тој рок назначен на производот.
  3. Никогаш не додавајте вода или некоја течност за да ги растворите течностите. Разните течности може да додадат разни бактерии во маскарата кои што лесно можете да гипренесете на Вашите очи. Внимавајте!
  4. Секогаш отстранете ја маскарата пред да си легнете. Користете средство за чистење на шминка за полесно изведување на оваа активност.
  5. Користете водоотпорна маскара само во летни периоди кога одите на плажа или имате контакт со вода, а сакате да остане неразмачкана маскарата. Ова е поради фактот што потешко се отстранува водоотпроната маскара и не е препорачлива за нормалните прилики.
  6. Никогаш не ја позајмувајте Вашата маскара. Повторно очи и повторно постои ризик да четкичката нафати бактерии.