Сакате Вашите трепки да бидат беспрекорни? Сакате Вашите очи да изгледаат беспрекорно во комбинација со Вашите трепки? Маскарата е една од најважните производи за убавина. Маскарите се тие кои ги издолжуваат Вашите трепки (доколку имате кратки). Маскарите се тие кои им даваат волумен на Вашите трепки. Маскарата е производ кој во комбинација со други шминки Ви овозможува беспрекорен изглед. Но, од друга страна маскарата е доста проблематичен производ. Може да остави грутки на Вашите трепки. И тоа навистина нервира. Се работи за доста сензитивен дел од Вашата глава – очите.
Еве неколку трикови кои можете да ги применувате кога се работи за масакара за да имате беспрекорен изглед:
- Користете поквалитетни маскари. Немојте да штедите на маскара. За 200-400 денари на неколку месеци тоа се по 100 денари месечно повеќе
можете да си направите проблеми со огромни последици. Сепак се работи за трепки кои се во близина на Вашите очи. Очите се доста чувствителен дел од Вашето тело. Може да предизвика брза инфексција. Затоа не штедете на маскара.
- Маскарата треба да се заменува секои 2-3 месеци. Не секој производ од шминката стои дека се употребува неколку месеци по отворањето. Внимавајте на тој период. Кога се работи за маскарата секогаш користете нов производ доколку сакате да имате здрави очи. Доколку Вашата маскара произведува грутчиња, тоа може да биде токму заради поминување на тој рок назначен на производот.
- Никогаш не додавајте вода или некоја течност за да ги растворите течностите. Разните течности може да додадат разни бактерии во маскарата кои што лесно можете да гипренесете на Вашите очи. Внимавајте!
- Секогаш отстранете ја маскарата пред да си легнете. Користете средство за чистење на шминка за полесно изведување на оваа активност.
- Користете водоотпорна маскара само во летни периоди кога одите на плажа или имате контакт со вода, а сакате да остане неразмачкана маскарата. Ова е поради фактот што потешко се отстранува водоотпроната маскара и не е препорачлива за нормалните прилики.
- Никогаш не ја позајмувајте Вашата маскара. Повторно очи и повторно постои ризик да четкичката нафати бактерии.
No comments:
Post a Comment