Дали сте се нашле во состојба да погледнете во Вашата чанта или кутија кај што ја чувате Вашата шминка или козметика и да пронајдете некои шминки или козметички препарати кои што сте ги купиле, а не ги користите? Секоја од тие препарати имаат рок на траење после отворањето (најчесто 3 до 6 месеци). Дали ви се случило да фрлите полна кеса со шминка и козметика на која и изминал рокот? Ова се прашања кои реба да ги размислите. Не се работи за гардероба, туку за производи кои се во директен контакт со Вашата кожа и кои може да имаат огромни последици врз Вас.
Кина и Турција си го направија своето. На пазарот во повеќето источноевропски земји се наоѓаат производи кои не одговараат по квалитет и стандард кој е препорачлив од експертите. Се произведуваат по подруми и се лепат етикети на познати брендови. Кога стигнат кај нас доаѓаат до малопродажба и преку неа до самите Вас (корисници). Неморалните продавачи на таква „брендирана“ стока ја продаваат за нешто малку поевтина цена од вистинската брендирана стока. Но КВАЛИТЕТОТ не е ист и не одговара на цената која сте ја платиле. Има безброј примери кои ги знаеме како НЕМОРАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ ја мешаат оригиналната стока со фалсификувана и се со цел на брза заработка. НЕКА ИМ Е НА ЧЕСТ ТАКВИОТ НАЧИН НА РАБОТА. Само треба да помислат што се може да им се случи на потрошувачите на таквата фалсификувана стока, и дека ќе треба да ги носат на душа.
Козметика и шминка се продава во воопшто неприфатливи услови за чување на такви производи. Замислете само на зелените пазари во услови на над 40 степени целзиусови, вие купувате шминка. Секој производ бара да се чува на одредена температура и временски услов. На пример да се чува на температура од 20-тина степени целзиусови и суво место. Дали во зимски период на зелените пазари постои влага? Секако да.
Значи на пазарот можете да најдете од најефтини производи до скапи но фалсификувани. Некои ќе ги користите, а некои ќе ги фрлите. Затоа кога купувате шминка или козметика купувајте поретко, но поквалитетно и сигурно дека ќе заштедите од оние невидливи ефекти натрошење.
No comments:
Post a Comment