Потребите на кожата се менуваат во зависност од годишното време. За да бидеме наградени со резултат на здрава и убава кожа потребно е да ја негуваме кожата правилно и постојано.
Препорачуваме лесни текстури во пресрет на летото со помош на кои кожата ќе ја заштитиме и освежиме, а воедно и разубавиме. Еден од најпотребните елементи во сите годишни времиња е водата во големи количества, особено во лето!
Втор елемент е освежување и оживување на кожата на лицето со тоници, па крема за лице или подлога за шминка (соодветна на возраста) и секако шминка со лесна текстура.
Доколку во зима сте користеле Miracle Тouch крем пудра на MAX FACTOR, во лето користете Natural Minerals пудра на MAX FACTOR која ја збогатува кожата со минерали и не ги запушува порите.
Natural Minerals постои во 4 нијанси + Bronzer, за бронзено потемнет тен!
Доколку сте користеле руменило Revlon blush fard a joues, летово пробајте ги руменилата на DEBORAH Fard и DEBORAH Hi-tech, постојат по 6 мат и 6 седефни нијанси!
Во замена на Вашиот зимски кармин, пробајте ги сега 3 D-Effet Gloss lipstick на BOURJOIS,кој овозможува тродимензионален волумен и сјај на Вашите усни.
Обезбедете и ја потребната заштита, виталност и еластичност и на кожата на телото.
И за крај не заборавајте ги Вашите стапалата!