Sunday, June 21, 2009

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА НАНСЕУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА НАЈДОБРИТЕ БРОНЗЕРИ

Bronzer Бронзерот е козметичка супстанца која се нанесува на кожата за да и даде бронзена боја. Многу жени ја избегнуваат употребата на овој препарат поради стравот дека ќе изгледаат неприродно или дека лицето нееднакво ќе им биде пигментирано. Битен е вистинскиот избор според основната боја на Вашата кожа и ефектот кој сакате да го постигнете!

  • Бронзерот треба да се користи поради допринос за свежина на изгледот и ублажување на недостатоците. Изберете нијанса така да постигнете природно-препланат тен!
  • Кога бирате во каков облик ке биде Вашиот бронзер (течен, во прав или во облик на крема) одлучете се за оној кој ви е најпрактичен за нанесување.
  • Потебен Ви е мат бронзер доколку сакате да го нанесете на целото лице. Доколку пак го сакате само на одредени делови на лицето тогаш одберете сјаен бронзер.
  • Каков е Вашиот тен?
    • За темен тен бирајте земјени нијанси. Пробајте ги бронзерите на Manhattan.
    • За среднотемен тен бирајте ги нијансите на цимет. Пробајте го Mineral Natural Bronzer на Max Factor.
    • За светол тен избирајте ги посветлите нијанси на бело кафе.

Пробајте и некои други брендови на бронзери, едноставно впуштете и се летната жештина со препланат и заводлив тен!

Не заборавете да ја усогласите бојата на лицето со кожата на телото!

No comments: