Sunday, June 21, 2009

ИЗМЕНИ ВО ВАШИОТ НЕСЕСЕР

Време е да направите измени во Вашиот несесер!

Понекогаш треба да се сменат нештата, без обзир на тоа колку биле добри.

Маскара.Трае околу 3 месеци.Влажната и темна средина погодна е за бактерии, затоа фрлете ја доколку го смени мирисот и никогаш не позајмуваје ја на друг или од друг.

Средство за заштита од сонце. Заменете го со ново секоја година. Обично рок на траење на овие препарати е две ипол години, но сончевата енергија пак погодна е за развој на бактерии, така да многу подобро е во почетокот на сезона да си обезбедите нов препарат за сончање.

Четкичка за заби. Купувајте нова на шест месеци до година дена, особено доколку сте имале проблеми со усната шуплина, грло или заби и почесто заменете ја Вашата четкичка со нова. На враќање дома од одмор едноставно не враќајте ја дома старата четкичка за заби!

Бронзениот тен никогаш не излегува од мода. Денеска се постигнува лесно со разни средства за самопотемнување - магија на 21 век! За да не би чекале годишен одмор и одење на летување како би го добиле конечно обожаваниот препланат тен на Вашата кожа, прошетајте и набавете си еден од препаратите за самопотемнување, со чија помош и дома можете да го постигнете саканиот ефект!

No comments: