COLOR PERFECTION LIPSTICK е кармин со мазна гел основа која содржи мрежа на нежен микро слој која го штити обоениот пигмент и овозможува одржување на нежен изглед и чувство на Вашите усни.
Лесно и еднакво се нанесува, не се собира во линии и не излегува од контурите на усните.
Не се суши, не епремногу лесен па затоа и не бледее.
Се задржува на усните 50% подолго од обичните кармини.
LIPFINITY LIPSTICK е долготраен кармин + сјај.
Начин на употреба:
Најпрвин се нанесува бојата на чисти и суви усни.
Ќе почекате 1-2 минути бојата да се исуши и на усните потоа ке го нанесета сјајот за усни. Во текот на денот не е потребно повеќе да нанесувате од бојата.
И едно предупредување: Не нанесувајте дебели слоеви од бојата бидејќи може да Ви се случи по одредено време карминот да ви се направи на усните во ситни грутчиња поради поголемата нанесена количина од потребната. Доволно е да нанесете еден тенок слој од бојата.
Може да нанесувате само од сјајот (кој се продава во паковањето заедно со карминот, а и сам како артикал) за влажност на усните. На крајот на денот овој долготраен кармин можете да го одстаните со одстранувач за шминка или масло(бебешко,рицинусово, маслиново или со млеко за чистање на лице).
LIPFINITY EVERLITES LIPSTICK е кармин со флуид во основата(содржи смола)кој овозможува полесно лизгање при нанесување на карминот.Еверлити е лесен кармин кој нема да го забележите,а сепак ке трае цел ден.Причината е во пигментите во составот на основата кои се лепат на усните.Сјајот го комлетира изгледот со лесен финиш.
Се нанесува најпрвин бојата и се чека да се исуши (1-2мин.)и потоа се нанесува сјајот за изглед на влажни усни.
Во текот на денот не е потребно да нанесувате од бојата.Може да си нанесувате само од сјајот.Сјајот можете да го најдете во продажба и сам како арикал.
LIP GLOSS SILK e долготраен сјај за усни од Мaх factor. Ги навлажнува и потхранува усните. Петролеумот како специјална состојка во основата на овој сјај му овозможува двоен ефект: дава влажност како балзам за усни и долготрајна постојаност на сјајот.