- Нанесете подлога за шминка – крема за лице соодветна за вашиот тип на кожата
- Коректор (Препорака: PAN STIK – Max Factor) за да ги покриете недостатоците на Вашата кожа (црвенила, пеги, флеки, подочници итн.)
- Нанесете пудра на Вашето лице по целата површина на кожата и вратот (Препорака: Age Renew – Max Factor за свеж и постојан изглед до 12 часа)
- Истакнете ги Вашите веѓи со моливчe соодветно на бојата на Вашите веѓи и исчешлајте ги.
- Потоа исцртајте ги контурите на Вашите усни со моливче кое има боја која што ви е омилена и една нијанса потемна од карминот што планирате да го нанесете.
- Нанесете траен кармин во еден тенок слој кој има трајност од 8 до 10 часа, почекајте 2 минути додека се исуши на Вашите усни потоа нанесете го сјајот кој се продава заедно со карминот така да наредните 8 часа нема потреба да нансеувате од бојата, доволно е нанесување само на сјајот (Препорака: Max Factor Lipfinity Lip Color – трае 8 часа).
- На внатрешниот агол од окото нанесете ја најсветлата нијанса од палетата на бои на сенки кои што ги планирате за тој ден. На надворешниот агол од окото нанесете 2-3 нијанси потемна сенка и исенчајте ја. На горниот дел од капакот можете да нанесете боја сродна на претходните 2 бои или пак некоја трета која што треба хармонично да се вклопи со стајлингот кој го планирате, а да не дозволите окото да ја изгуби својата форма. (Препорака: Deborah сет ЦВЕТ кој содржи 16 бои на сенки, 5 сјаја, 2 компактни пудри, едно руманило, две бронзени пудри за исончан тен, 3 апликатори и огледало).
- Исцртајте ги контурите на Вашето око со креон – молив за очи во боја или пак туш за да допринесете за длабина на вашиот поглед.
- Маскарата нанесете ја од корен накај надворешната страна извлечувајќи ги трепките до врвот. Нанесете уште еден слој од средината кон врвовите за да ги извиткате вашите трепки нагоре.
- Направете насмевка на Вашето лице и нанесете од руменило од јаболчниците кон надворешната страна и исенчајте го челото, носот и брадата без да нансеувате од руменилото. (Со онаа што веќе еднаш е нанесено на четката).
И веќе сте спремни за излегување.
За вечерна шминка и за посилен ефект сенката за очи нанесете ја со мокар апликатор и за финиш можете да систавите шајнар на лицето (Препорака: Manhattan – Liquid Glow)
No comments:
Post a Comment