Sunday, March 22, 2009

НОВА МАСКАРА НА MAX FACTOR – FALSE LASH EFFECT MASCARA

Самото име на оваа маскара ни кажува дека претставува единствена маскара која може да доведе до ефект на вештачки трепки. Сите оние кои имаат мото „колку се подолги, толку се подобри“ тогаш оваа маскара е за нив.

FalseLashMF

Оваа маскара е маскара со најдолга четка воопшто направена. И од нормалните маскари на Max Factor има дури 50% поголема должина. Овие четки се добиени со една сосема нова технологија наречена термопластичен еластомер со што се добиваат 50% повеќе влакна во споредба со Masterpieces маскарите на Max Factor. Овие повеќе влакна нафаќаат повеќе од материјата на маскрата и така се овозможува повеќе ќе се нанесе на трепките. На ваков начин овие четки ќе креираат волумен и тоа не само на коренот на трепките, туку и на целиот пат кон врвот. Четката ги разделува влакната на трепките при што креира природен изглед на трепки со целосен волумен.

Оваа маскара претставува револуција во make-up индустријата кога се однесува на трепки и маскари. Целта на Max Factor со оваа маскара е да им овозможи на жените кои што сакаат да имаат големи, здебелени, целосни и долги трепки (едноставно кажано – вештачки трепки). Но, оваа сакаат да го постигнат со маскара, а не со вештачки трепки. За ваков ефект со обичните (други) маскари често пати доаѓа до таканаречено згрутчување или пак доаѓа до чувство на тежина на трепките.

Оваа маскара е произведена и специјално дизајнирана со Liquid LashTM формула за волуменизирање и во комбинација со долгата четка овозможува прекрасен природен изглед на волуменизирани трепки. Оваа формула овозможува да не се суши бргу при нанесување.

Навистина ЧУДО ОД МАСКАРА.

1 comment:

Anonymous said...

kolku pari e?:P