Monday, February 23, 2009

ЕДНА ВИСТИНИТА ПРИКАЗНА ЗА НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ

Би сакале да поделиме со Вас некои информации кои ги имаме, а кои вие заслужувате да ги знаете. Во последно времLagiе се почесто го користиме зборот „НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ“ па би сакале првин да го опишеме значењето на тој збор. Но, дали е доволен тој збор за онаа што сакаме да го опишеме? Како прво МОРАЛ  се грижи за принципите на право и погрешно или за исполнување на стандарди поврзани со некои принципи. Значи се што не е право е погрешно и се што не е во склоп со општите принципи на однесување е неморално.

Од друга страна кога велиме НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ мислиме на 2 категории:

  1. НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ КАКО ПРАВНИ ЛИЦА. Ова се малопродажните фирми кои работат со фалсификувана стока и кои своите потрошувачи ги  доведуваат во заблуда со нудење на малку пониска цена од оригиналниот таков производ. Вакви НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ како правни лица има два вида: едните кои држат само фалсификувана стока, а ја продаваат како оригинал и кои лесно можат да се откријат и другите кои држат оригинал (еднаш набавен) и потоа го надополнуваат со фалсификувана стока за да добијат на цена. И за двата типа карактеристичен им е само ПРОФИТОТ, а не задоволување на потрошувачот.
  2. НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ КАКО ФИЗИЧКИ ЛИЦА. Ова се личност кои се поврзуваат со продажба на фалсификувана стока. И тука може да разликуваме два типа на НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ: едниот се претприемачите (газди на продавницата) кои со своето однесување носат НЕМОРАЛ и другите се самите продавачи кои за да стават нешто во џеб над платата набавуваат фалсификувана стока и ја мешаат со оригиналната.

Вакви НЕМОРАЛНИ ПРОДАВАЧИ постојат особено во помалите градови, додека во Скопје е помалку изразено. Еве еден пример: НЕМОРАЛЕН ПРОДАВАЧ набавува оригинална стока иако до сега повеќе години работи со „Ш“ категорија на шминка. Но, тој не знае да ја продава бидејќи не научил да работи со оригинали. Козметичката индустрија бара постојано проучување (во еден од наредните блогови ќе ви покажеме како ДЕКОР КОЗМЕИКС учи и од ден во ден го проширува сопственото знаење за шминка и козметика) за да се знаат карактеристиките на одделни видови на производи. Тогаш НЕМОРАЛЕН ПРОДАВАЧ носи одлука да набави фалсификувани производи од тој бренд за да ги измеша со оригиналните и да ја намали цената. Некој ќе купи оригинал бидејќи ќе има среќа се додека не ги испродаде. Но, некој ќе купи фалсификат,а ќе плати малку поевтино од оригиналот, бидејќи ќе нема среќа. Е затоа тој продавач претставува НЕМОРАЛЕН ПРОДАВАЧ.

ВНИМАВАЈТЕ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НЕМОРАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ ДА ВЕ СТАВАТ ВО БАРАБАНОТ БИДЕЈЌИ ПОСЛЕДИЦИТЕ СЕ ОГРОМНИ!

Sunday, February 22, 2009

ЕДНО АМА ВРЕДНО

Дали сте се нашле во состојба да погледнете во Вашата чанта или кутија кај што ја чувате Вашата шминка или козметика и да пронајдете некои шминки или козметички препарати кои што сте ги купиле, а не ги користите? Секоја од тие препарати имаат рок на траење после отворањето (најчесто 3 до 6 месеци). Дали ви се случило да фрлите полна кеса со шминка и козметика на која и изминал рокот? Ова се прашања кои реба да ги размислите. Не се работи за гардероба, туку за производи кои се во директен контакт со Вашата кожа и кои може да имаат огромни последици врз Вас.

Кина и Турција си го направија своето. На пазарот во повеќето источноевропски земји се наоѓаат производи кои не одговараат по квалитет и стандард кој е препорачлив од експертите. Се произведуваат по подруми и се лепат етикети на познати брендови. Кога стигнат кај нас доаѓаат до малопродажба и преку неа до самите Вас (корисници). Неморалните продавачи на таква „брендирана“ стока ја продаваат за нешто малку поевтина цена од вистинската брендирана стока. Но КВАЛИТЕТОТ не е ист и не одговара на цената која сте ја платиле. Има безброј примери кои ги знаеме како НЕМОРАЛНИТЕ ПРОДАВАЧИ ја мешаат оригиналната стока со фалсификувана и се со цел на брза заработка. НЕКА ИМ Е НА ЧЕСТ ТАКВИОТ НАЧИН НА РАБОТА. Само треба да помислат што се може да им се случи на потрошувачите на таквата фалсификувана стока, и дека ќе треба да ги носат на душа.

Козметика и шминка се продава во воопшто неприфатливи услови за чување на такви производи. Замислете само на зелените пазари во услови на над 40 степени целзиусови, вие купувате шминка. Секој производ бара да се чува на одредена температура и временски услов. На пример да се чува на температура од 20-тина степени целзиусови и суво место. Дали во зимски период на зелените пазари постои влага? Секако да.

Значи на пазарот можете да најдете од најефтини производи до скапи но фалсификувани. Некои ќе ги користите, а некои ќе ги фрлите. Затоа кога купувате шминка или козметика купувајте поретко, но поквалитетно и сигурно дека ќе заштедите од оние невидливи ефекти натрошење.

Monday, February 16, 2009

ДЕКОР КОЗМЕТИКС ВИДЕО - МИСИЈА

Кратко видео за тоа што можете да најдете во Декор Козметикс и за тоа дека разликата е КВАЛИТЕТ И ВРВНА УСЛУГА. Нашата мисија е да обезбедиме производи со врвен квалитет и да го препорачаме оној кој најмногу ќе одговара на потребите на потрошувачот преку постојана едукација за производите што ги нудиме и да обезбедиме клима на пријатност при купвање. Она што е важно КВАЛИТЕТОТ во оваа работа се обезбедува без мешање на оригинали и фалсификати за ДА СЕ ДОБИЕ НА ЦЕНА. Зад секој производ стоиме ние и нашите добавувачи и за секој производ кај нас постои ДОКУМЕНТ. Секој производ кој го имаме прво се проучува преку материјали добиени од увозниците, преку материјали од интернет и преку лично пробување заради обезбедување на искуство кое можеме да го преточиме во ВРВНА УСЛУГА.

 

Saturday, February 14, 2009

10 ЧЕКОРИ ЗА СОВРШЕНО ШМИНКАЊЕ

  1. Нанесете подлога за шминка – крема за лице соодветна за вашиот тип на кожата
  2. Коректор (Препорака: PAN STIK – Max Factor) за да ги покриете недостатоците на Вашата кожа (црвенила, пеги, флеки, подочници итн.)
  3. Нанесете пудра на Вашето лице по целата површина на кожата и вратот (Препорака: Age Renew – Max Factor за свеж и постојан изглед до 12 часа)
  4. Истакнете ги Вашите веѓи со моливчe соодветно на бојата на Вашите веѓи и исчешлајте ги.
  5. Потоа исцртајте ги контурите на Вашите усни со моливче кое има боја која што ви е омилена и една нијанса потемна од карминот што планирате да го нанесете.
  6. Нанесете траен кармин во еден тенок слој кој има трајност од 8 до 10 часа, почекајте 2 минути додека се исуши на Вашите усни потоа нанесете го сјајот кој се продава заедно со карминот така да наредните 8 часа нема потреба да нансеувате од бојата, доволно е нанесување само на сјајот (Препорака: Max Factor Lipfinity Lip Color – трае 8 часа).
  7. На внатрешниот агол од окото нанесете ја најсветлата нијанса од палетата на бои на сенки кои што ги планирате за тој ден. На надворешниот агол од окото нанесете 2-3 нијанси потемна сенка и исенчајте ја. На горниот дел од капакот можете да нанесете боја сродна на претходните 2 бои или пак некоја трета која што треба хармонично да се вклопи со стајлингот кој го планирате, а да не дозволите окото да ја изгуби својата форма. (Препорака: Deborah сет ЦВЕТ кој содржи 16 бои на сенки, 5 сјаја, 2 компактни пудри, едно руманило, две бронзени пудри за исончан тен, 3 апликатори и огледало).
  8. Исцртајте ги контурите на Вашето око со креон – молив за очи во боја или пак туш за да допринесете за длабина на вашиот поглед.
  9. Маскарата нанесете ја од корен накај надворешната страна извлечувајќи ги трепките до врвот. Нанесете уште еден слој од средината кон врвовите за да ги извиткате вашите трепки нагоре.
  10. Направете насмевка на Вашето лице и нанесете од руменило од јаболчниците кон надворешната страна и исенчајте го челото, носот и брадата без да нансеувате од руменилото. (Со онаа што веќе еднаш е нанесено на четката).

И веќе сте спремни за излегување.

За вечерна шминка и за посилен ефект сенката за очи нанесете ја со мокар апликатор и за финиш можете да систавите шајнар на лицето (Препорака: Manhattan – Liquid Glow)

СЕНКИ ЗА ОЧИ

При изборот на основа за шминка постојат построги правила бидејќи морате да ја зиберете онаа која одговара на Вашиот тип на кожа (сува или мрсна, чувствителна или нечувствителна). Додека пак при избор на сенка за очи слободно можете да ја истакнете вашата креативна страна. Постојат различни видови и нијанси на сенки за очи. За перфектен изглед влијание ќе има Вашата реативност и уметничкиот дух кој го поседувате. Но, сепак боите треба да ги ускладите.

Вашите очи се најзапазената точка од вашето лице. Секогаш кога некој ќе ве погледне во лице прво ве погледнува во Вашите очи. Доколку, не ја истакнете шминката на Вашите очи другите напори во шминкањето ќе останат незабележани. Бидете сигурни дека техниката на шминкање на вашите очи и изборот на сенка за очи зависи од обликот и бојата на вашите очи.

Со сенка за очи можете да создадете нов облик и големина на очите, да ги истакнете онака како што посакувате, да ги направите да личат на вашите омилени холивудски ѕвезди. Значи имате простор за креативност колку што посакувате. Имајте секогаш на ум дека ако користите премногу светла или темна сенка таа може да се изгуби или да се собере. Кога нанесувате сенка нанесете ја прво најсветлата нијанса низ целото око од трепките па до веѓите. Светлата нијанса ќе ви биде како подлога за сенка, а понатаму која боја ќе изберете зависи од бојата на вашите очи и нијансата на кожата. Зависи од оа колку акате да ги истакнете Вашите очи и каков контраст сакате да постигнете.

 

Senki1 Senka2

Senka3 Senka4

Sunday, February 8, 2009

НЕКОЛКУ ТРИКОВИ ЗА МАСКАРИ

Сакате Вашите трепки да бидат беспрекорни? Сакате Вашите очи да изгледаат беспрекорно во комбинација со Вашите трепки? Маскарата е една од најважните производи за убавина. Маскарите се тие кои ги издолжуваат Вашите трепки (доколку имате кратки). Маскарите се тие кои им даваат волумен на Вашите трепки. Маскарата е производ кој во комбинација со други шминки Ви овозможува беспрекорен изглед. Но, од друга страна маскарата е доста проблематичен производ. Може да остави грутки на Вашите трепки. И тоа навистина нервира. Се работи за доста сензитивен дел од Вашата глава – очите.

Еве неколку трикови кои можете да ги применувате кога се работи за масакара за да имате беспрекорен изглед:

  1. Користете поквалитетни маскари. Немојте да штедите на маскара. За 200-400 денари на неколку месеци тоа се по 100 денари месечно повеќе maskara можете да си направите проблеми со огромни последици. Сепак се работи за трепки кои се во близина на Вашите очи. Очите се доста чувствителен дел од Вашето тело. Може да предизвика брза инфексција. Затоа не штедете на маскара.
  2. Маскарата треба да се заменува секои 2-3 месеци. Не секој производ од шминката стои дека се употребува неколку месеци по отворањето. Внимавајте на тој период. Кога се работи за маскарата секогаш користете нов производ доколку сакате да имате здрави очи. Доколку Вашата маскара произведува грутчиња, тоа може да биде токму заради поминување на тој рок назначен на производот.
  3. Никогаш не додавајте вода или некоја течност за да ги растворите течностите. Разните течности може да додадат разни бактерии во маскарата кои што лесно можете да гипренесете на Вашите очи. Внимавајте!
  4. Секогаш отстранете ја маскарата пред да си легнете. Користете средство за чистење на шминка за полесно изведување на оваа активност.
  5. Користете водоотпорна маскара само во летни периоди кога одите на плажа или имате контакт со вода, а сакате да остане неразмачкана маскарата. Ова е поради фактот што потешко се отстранува водоотпроната маскара и не е препорачлива за нормалните прилики.
  6. Никогаш не ја позајмувајте Вашата маскара. Повторно очи и повторно постои ризик да четкичката нафати бактерии.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА L'Oreal Casting Crème Gloss

L'Oreal Casting Crème Gloss е боја за коса која овозможува видливи сјајни тонови и соодветно прикривање на побелените влакна и тоа без амонијак. Трајноста на бојата е до 28 шампонирања на косата. Бојата за коса L'Oreal Casting Crème Gloss и дава на косата сјаен и природен изглед.

Во текот на боењето на косата специјално патентираниот комплекс на кондиционери го заштитува самото влакно, од внатрешноста и од надворешноста и косата ја прави извонредна.

После боењето, кондиционерот Nutri-Shine кој содржи Aloe Vera и зелен чај ја зголемува сјајноста на вашата боја се до следното боење на Вашата коса.

Она што е најважно оваа боја за коса не содржи амонијак. Дајте и на Вашата коса целосен третман на убавина со L'Oreal Casting Crème Gloss бојата за коса за да имате сјајна боја со природен изглед.

Видете ја рекламата за оваа фарба.

Sunday, February 1, 2009

КАКО РЕАГИРА НАШАТА КОЖА НА ВРЕМЕНСКИ ПРОМЕНИ

Нашето лице постојано и директно е изложено на надворешните промени. Студот и ветерот особено штетно влијаат и допринесуваат за сувост, пукање и перутање на кожата. За да ја заштитиме и да го задржиме здравиот изглед на нашата кожа потребна и е секојдневна нега.

Се повеќе се верува во благородното дејство на природата па затоа ваквите студени денови и кога времето е пропратено со ветер, магла, дождови козметичката индустрија препорачува природни препарати со високо квалитетни растителни масла (маслиново, бадемово, јојобино), бидејќи тие ја задржуваат оптималната влажност на кожата и го спречуваат нејзиното сушење и пукање.

Како што старееме така и нашата кожа се менува. Со навлегување во триесетите, четириесетите, педесетите, кожата се повеќе ја губи еластичноста и станува се посува, па затоа и е поребна се поинтезивна нега. Во 20-тите години од животот кожата е помрсна, додека во 30-тите години станува комбинирана за во 40-тите години да стане сува. И оваа е нормално.

За да се задржи здравиот изглед потребно е секојдневно нанесување на крем за лице. Барем еднаш неделно пилинг, како и маска за подхранување на кожата.

Покрај тоа од време на време почестете ја Вашата кожа со тоник за освежување на кожата и ноќна хранлива крема која благородно ќе дејствува додека Вие спиете.

Може некои делови од вашето лице да не се однесуваат исто. На пример доколку вашиот нос е помрсен од останатите делови на лицето ставајте ги препаратите на сите делови од лицето освен на носот, бидејќи нема потреба за истиот.