Шминкањето претставува комбинација од умешност, уметност и креативност. Разликата помеѓу аматерското и професионалното шминкање е во квалитетот на шминките кои ги користат професионалните шминкери, квалитетот на четките за нанесување и умешност за баратање о тие четки, како и уметноста и креативноста во креација на микс од бои. Процесот е ист, но изборот и кретивноста е различна од еден до друг шминкер. Подолу претставуваме еден процес кој е ист или сличен, но со препораки за избор на соодветнта шминка за да се добие прекрасен, долготраен изглед.
Откако сте ја нанеле на Вашето лице соодветната крема за Вашиот тип на кожата, ќе треба да почекате кожата убаво да ја впие кремата.
- Лице. Во првиот чекор нанесет од коректорот (препорака Pan Stik Max Factor) на подочниците и проблематичните места на Вашето лице. Потоа нанесете ја пудрата што ја користите и која е соодветна по составот и по нијансата за типот на Вашата кожа.
- Веѓи. Веѓите најпрвин обликувајте ги според обликот на окото, а потоа со моливче за веѓи пополнете ги местата каде што самите ќе воочите дека е потребно. Препорачуваме да побарате производи кои што имаат двоен ефект: маскара со четкичка за веѓи, сенка со четкичка за веѓи итн. кои ги има Manhattan. На крај исчешлајте ги веѓите од внатрешноста кон надворешноста.
- Очи. Очите се најинтересниот и највпечатливиот дел за истакнување на убавината и со малку техника и креативност секоја жена ќе може да успее во тоа. За перфектен изглед потребно е да имате: барем три нијанси на бои на сенки од најсветла до најтемна (препорачуваме сенки Trio на Deborah), моливче или туш за очи од најтемната нијанса која планирате да ја нанесете (препорачуваме Seventeen туш или моливче за очи Gosh) и маскара која треба да е соодветна според потребите на вашите трепки во однос на густина, должина и други ефекти. Започнете со нанесување на сенката со најсветлата нијанса на горниот дел од капакот, потоа исенчајте ја со најтемната нијанса од надворешниот дел на капакот (кој треба да биде најтемен) кон внатрешноста некаде до средината. Со апликаторот или четка за очи (препорачуваме четки Gosh Professional) исцртајте го капакот со тенка линија по целата должина се до внатрешниот агол и потоа нанесете туш или креон на граница помеѓу трепки и почетокот на капакот и на долниот дел од окото по целата должина за да го исцртате обликот на Вашето око, а во исто време Вашиот поглед да добие длабина. Можете од најтемната боја на сенка слободно да додадете и на надворешниот агол кон надолу некаде до средината на окото се тенок не нападен слој. На крајот нанесете ја Вашата омилена маскара во два слоја (препорачуваме маскара со витамин B за осетливи очи – Bourjois, маскари со повеќе од еден ефект или евентуално маскарата 2000 Calorie од Max Factor). Нанесувајте длабоко од коренот кон надврешноста и почекајте малку од првото до второто нанесување.
- Усни. Вашите усни најпрвин дехидрирајте ги со некој балсам или лабело половина час пред нанесување на бојата, овде станува збор за долготрајните и постојани кармини по 8 до 10 часа. Потоа исцртајте ги контурите на усните со нијанса до две потемна од бојата на карминот кој планирате да го нанесете. Потоа нанесете од карминот во тенок слој од карминот, почекајте малку па нанесете од сјајот.
- Руменило за лице (препорачуваме Bourjois). Пронајдете си ја Вашат нијанса соодветна на Вашиот тен и со четка (препорачуваме четки со природно влакно) нанесете го од внатрешниот дел на образот кон надворешниот, во потенок слој за да можете да додадете боја по потреба.
No comments:
Post a Comment