Wednesday, October 22, 2008

ФАЛСИФИКУВАНИ БРЕНДОВИ 1

Дали знаете што купувате од козметичките производи? Дали го плаќате онаа што стои на амбалажата на производите? Дали квалитетот на производите одговара на парите што сте ги дале за брендиран производ? Дали станувате жртва на неморални трговци и производители кои заради лесна заработувачка ви продаваат фалсификувани производи? Сите овие прашања се актуелни за секој кој користи козметички производи.
Овој феномен е актуелен во светски рамки но не е изземена и Македонија. Често пати можеме да прочитаме натписи по весниците како на пример: Запленети рекордни 77000 парчиња фалсификувани козметички производи од познати светски брендови. Ако се земе во предвид фактот дека светски просек на откриени фалсификувани производи е 10%, бројката што може да се најде на пазарот во Македонија, па и Куманово е огромна.
Која е логиката на неморалните трговци? Едноставно, економска. Фалсификувана маскара ја набавуваат за 100 денари а ја продаваат за 410 денари, од друга страна оригиналната маскара се набавува за 360 денари и се продава за 480 денари. Неморалниот трговец има чиста заработка од 310 денари (не плаќа ДДВ за фалсификати бидејќи ги набавил на црно) додека заработката на оригиналниот производ е 120 денари - ДДВ ке изнесува 80 денари. Неморалниот трговец размислува само за сопствениот џеб, додека воопшто не размислува за последиците на потрошувачот. А последиците можат да бидат огромни бидејќи секој козметички производ е во директен контакт со кожата.
Во наредните неколку блогови ќе пишуваме за овој феномен и за начинот на можните заштити на потрошувачот. Очекуваме ваши коментари за овој феномен како темата би ја направиле поинтересна и како Декор Козметикс директно би се вклучил во борба против оваа современо зло, а со цел на заштита на ценетите потрошувачи. Во наредните теми ќе пишуваме за потеклото на фалсификуваните производи и можното препознавање на истите. Можете да дадете коментар и за проширување на темава.

Thursday, October 9, 2008

ТРЕТМАН ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПРИРОДЕН ВОЛУМЕН

Keramine H во својата палета на производи има и третман за добивање на природен волумен на косата. Овој третман се користи кај природно тенката коса, кај слабата и лесно кршлива коса или нормална коса. Во третманот е содржан:
1. Шампон за добивање на волумен и
2. Лосион за добивање на волумен
За начинот на употреба и карактеристиките кликнете на:
Повеќе детали