Sunday, December 28, 2008

КОЈ БРЕНД И ПРОИЗВОД Е БРЕНД И ПРОИЗВОД НА ГОДИНАТА?

Во последните 3 месеци спроведувавме неделни гласања за производи (шминка) во Декор Козметикс. Користевме неколку бренда на шминка и повеќе производи од тие брендови. Но, кој бренд, а кои производи се најмногу гласани производи?

Бидејќи дојде крајот на годината би било добро да се сублимираат резултатите од гласањата и да се споделат со Вас. На табелата подолу се дадени резултатите од три месечно гласање преку сајтот http://decor.cosmetics.googlepages.com

На табелата е даден резултат од производите:

Max Factor MasterPiece Beyond Lenght

23

Bourjois Pump Up the Volume Waterproof

15

Max Factor Natural Minerals

14

MaxFactor Lipfinity Lipstick

10

Max Factor Miracle Touch

8

Manhattan Lipdirector

7

Max Factor Colour Perfection Duo Eyeshadow

6

Revlon Super Lustrious

6

Revlon ColorStay

5

Manhattan LongLasting Gloss Glide Lipgloss

5

Manhattan Perfect Teint 2 in 1

4

Revlon New Complexion

4

Bourjois Effet 3D

4

Доминацијата е на производите од Max Factor иако и Bourjois кој е достапен во Македонија од септември 2008 велегува меѓу првите. Да видиме кој бренд е најмногу гласан.

Max Factor

61

Bourjois

19

Manhattan

16

Revlon

15

Согласно овие резултати ЗА БРЕНД И ПРОИЗВОДИ НА ГОДИНАТА ВО 2008 ГОДИНА ОД ДЕКОР КОЗМЕТИКС ГИ ПРОГЛАСУВАМЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА MAX FACTOR.

ИЗБОР НА СТИЛ НА ФРИЗУРА

Се ближи и таа новогодишна вечер кога сите жени сакаат да изгледаат убаво онаму каде што ќе ја дочекаат новата година. Се размислува на тоа што ќе се облече, каква шминка да се стави, каква да биде фризурата, какви чевли... и што уште не.

Во САД постои еден веб сајт http://www.thehairstyler.com на кој можете да поставите ваша слика и да ја менувате фризурата за да видите кој стил на фризура нејмногу ќе ви одговара. Но, услугата се наплаќа и е само за жители на САД.

Од друга страна може да се искористи како креатор на добра идеа за стилот на фризурата бидејќи на истиот се наведени сите познати личности со сите стилови на нивните фризури во текот на кариерата. Така да може да ги разгледате сите стилови на вашата омилена личност од шоу бизнисот и за секој стил на таа личност да прочитате за кого прилега, за каква густина на косата прилега тој стил како и време кое е потребно за таква фризура и што ќе ви биде потребно за истата.

stilkosa

Можете да ја видите и демо верзија на консултантот при што нема да можете на вашата слика да ја менувате фризурата тука на веќе поставената од сајтот и да видите каков ефект се добива од неколку фризури.

Sunday, December 21, 2008

BOURJOIS ОДИ НА 4D СЈАЈ ЗА УСНИ

Bourjois подготвува наскоро да излезе со сјајImage 277 за усни 4D. По одличниот успех на сјајевите Effet 3D на Bourjois доаѓа подобрување на истите со воведување на нова димензија. Суперсјајни чисти текстури во елегантна јаснотија кои даваат тродимензионален волумен се карактеристиките на Effet 3D сјајевите. Новите Effet 4D сјаевите на Bourjois ќе ги има сите особини на претходните 3D но со додадени бисерни мултирефлективни парчиња заради добивање на екстра сјај и да ги направат усните повеќе блескави. Се очекува да излезат во март 2009 година.  

ПАРФЕМ НА ГОДИНА: JLO Deseo

JLO DeseoСогласно веб сајтот Kiss and Makeup за парфем на годината е избран парфемот на Џенифер Лопез Deseo. Парфемот е одличен бидејќи има светол освежувачки мирис кој не потсетува на ниеден друг парфем на познати личности.

Deseo е последниот парфем на Џенифер Лопез и има мирис на шумски цветови кој е инспириран од полноќно шетање низ градината на Џенифер пред да започне невреме.

 

Deseo започнува со доста распростране свежа нота, и подоцна станува доста нежен и укротен. Трајноста е беспрекорна.

Пакувањето е феноменално и изгледа како суров дијамант во кој е сместен овој перфектен парфем. Достапен е во 30, 50 и 100 милилитри пакување. 

Sunday, December 14, 2008

ПРЕДНОСТИ НА МИНЕРАЛНА ШМИНКА

 

Во козметичката индустрија се повеќе станува пракса да се произведуваат шминки со природни минерали. Како пример може да биде најновата пудра на МАКС ФАКТОР со природни минерали. Минерална шминка е онаа шминка која содржи само природни состојки. Луѓето во светот се повеќе се свртуваат кон природни производи и природен изглед. Минералната шминка е таа која ги исполнува овие

идеали. Минералната шминка нема да ја оштети вашата кожа со непожелни состојки како што може традиционалната шминка. Минералната шминка овозможува кожата да биде поатрактивна и обсјаена со здрави тонови по одреден период на користење.

Нанесување на минерална шминка која содржи исклучителни mineralкарактеристики кои доаѓаат директно од природата претставува едноставен процес. Природните квалификации на минерална шминка резултираат во производ кој е доста благ и нежен на кожата, при што ќе обезбеди целосно покривање но и ќе обезбеди доволно чувство дека немате ставено ништо од шминката. Состојките кои се наоѓаат во минерална шминка не предизвикуваат блокади и затнувања на порите на кожата при што ви овозможуваат да имате прекрасна кожа.

Карактеристиките на минералната шминка се:

- Лесна е на кожата (една од најсилните карактеристики)

- Лесно се размачкува на кожата и прилагодува на бојата на кожата

- Ја нагласува природната елеганција и неможе да се примети

Луѓето кои патат од акни, сега ќе може да користат козметички производи кои се природни и не ги затнуваат порите на кожата со што би предизвикале поголеми проблеми.

Sunday, December 7, 2008

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ И ШМИНКА

Жените претприемачи претставуваат жени кои основале и успешно водат сопствен бизнис. Во последно време во книгите и списанијата за претприемништво се повеќе се обрнува внимание на поглавјето за жени претприемачи. Веќе и да не постои книга за претприемништвото во која како посебно поглавје не се обработува темата за жени претприемачи.

Но, сепак постојат и поинакви видувања кои треба да се заборават, но кај нас претставуваат реалност. Во некои средини сеуште се мисли дека жените се за дома, а не за бизнис. Во тие средини сеуште образованието на жените се завршува со основно училиште и е незамисливо жената да излезе од домашните и земјоделските работи. Од друга страна радува фактот што се повеќе жени активно се вклучуваат во стартување и водење на успешен бизнис.

Во последниве години во светски рамки се изродува нов термин mompreneur (мајки претприемачи) кој представува еден дел од популацијата жени претприемачи. Овој термин е кованица за жена која основа сопствен бизнис додека од друга страна продолжува со полно работно време да биде родител-мајка на своите деца. Оваа популација на жени е во растечки број во светот поради фактот што мајките се обидуваат да изнајдат начини да заработат пари, нагласувајќи ја сопствената креативност.

Бидејќи се повеќе жените земаат активно учество во стартување и управување на сопствени бизниси се помалку останува време да бидат стереотипни жени. А, од друга страна активното учество во бизнис животот бара да останат понежен пол, односно да размислуваат на својата убавина. Но, ова одзема доста време.

Еден работен ден може да изгледа како: станување рано наутро, средување, шминкање, одење на работа, пиење кафе, шминкање, состанок, шминкање, некоја работна активност, ручек, шминкање, попладневен состанок, шминкање. Забележуваме дека 5 пати се повторува една активност шминкање. Јапонците користат менаџмент филозофии кои се однесуваат на исфрлување на сите процеси кои не додаваат вредност. И тука можеме да констатираме еден процес кој се повторува повеќе пати во текот на денот. Како да изгледаме убаво без да се шминкаме 5 и повеќе пати во текот на денот? Проблемот може да се реши со поквалитетни шминки на кои стои ознаката трајни (LONGLASTING).  Ова се шминки кои со едно утринско нанесување траат цел ден.

Wednesday, December 3, 2008

ШТО СЕ БАРА НА ИНТЕРНЕТОТ!

Извршивме една анализа и истражување со помош на алатката Google Trends во однос на тоа што најповеќе се бара на интернетот преку пребарувачот google кој опфаќа скоро 80% од пазарот на пребарување за 2008 година.Нашата анализа се однесуваше на тоа кој од овие зборови во светот во определен дел од годината најповеќе се пребарува:

- Козметички производи

- Шминка

- Бои за коса

- Парфеми

Резултатите се дадени на графикот.

Trend1

Забележуваме дека најбаран збор е шминката па потоа козметиката, бои за коса и на крајот парфемите. Интересно е што во сите четврти квартали од годините (2004-2008) постои огромно зголемување на пребарување на зборот шминка. СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА!!!

Sunday, November 30, 2008

МЕШАЊЕ НА БРЕНДОВИ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ЕДЕН БРЕНД НА КОЗМЕТИКА И ШМИНКА

Често пати читаме и слушаме препораки да се користат исти брендови на производи за одредена намена. Козметичката индустрија во последниве години на развој е доведена до совршенство. За разлика од минатото, денеска производителите пазат на тоа кои состојки во козметичките препарати и шминката предизвикуваат штета. Но сепак од производител до производител постои разлика. Освен од производител до производител постои и разлика од производ до производ на секој производител.

Денеска на пазарот може да се најдат различни производи од различни брендови со иста намена на користење. Потрошувачите се збунети и од премногуте реклами на телевизија, по весници и списанија.

Во изминатава година забележавме дека штом ќе излезе некој нов производ и биде виден на реклама на телевизија (посебно на Хрваткска телевизија бидејќи рекламите почнуваат пред нас), истиот се бара веднаш.

Што е подобро користење на една линија од еден бренд со друга линија од друг бренд или користење на две различни линии од ист бренд? Сметаме дека е подобро да се врши комбинација на линии од ист бренд на козметика или пак шминка. Зошто?

Еден производител на козметички препарати или шминка вложува огромни напори и пари во развој на нови производи и линии на производи и во исто време внимава да бидат компатибилни со сите други производи што ги произведува тој производител. Сите производи од еден производител се подготвени во исти лаборатории, со иста основа и мешавина на состојки и со нивната комбинација ќе се постигне подобар ефект.

Нашата препорака е да ги комбинирате козметичките препарати или шминката од ист компатибилен бренд со тоа што внимателно ќе го одберете вистинскиот бренд за Вас.

ФАЛСИФИКУВАНИ КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ 2

Продолжуваме со темата за фалсификувани козметички производи. Пазарот врие од фалсификувани производи кои доаѓаат до крајните корисници но со цена малку поефтина од оригиналните. Кажавме дека заработката на неморалните трговци е огромна. Постојат уште многу прашања, од кои едното дали во Куманово има фалсификувани производи од козметика, парфеми и шминка, како да се спасиме од фалсификатите, како да ги препознаеме овие производи.

Се сеќавам минатата година пред нова година пред една од парфимериите во Куманово беа исфрлени еден куп црни кеси. Црни кеси увозниците и легалните дистрибутери не даваат. Веднаш знаевме како се работи во Куманово иако само што почнавме со работа.

По едно такво увидување ние во Декор Козметикс донесовме интерна политика за квалитет во која еден дел е дека ќе продаваме само оригинални производи, позади кои ќе стои фактура и увозник или дистрибутер. Пред некој ден е дадена наредба на вработените доколку види некој кој со торба поминува и сака да ни продаде стока веднаш да се јават на 192.

Од друга страна имаме соодветен систем на business intelligence преку кој собираме различни информации кои по одреден период ќе бидат дадени на овластените органи, но и на овластените увозници на оригиналните производи. Во моментов ќе изработиме и посебен дел на нашиот веб сајт за било кој од Вас анонимно да може да достави информација за сопственото искуство во поглед на фалсификувани производи.

Како да знаете дали купувате оригинал?

Прво што можете да проверите е дали брендираниот производ има декларација на која јасно и недвосмислено е наведен увозникот на истите. Ова може и да не биде од помош бидејќи лесно се печатат таквите декларации.

IMG_9073Втора работа е секогаш да барате фискална сметка. Фалсификуваните производи неможат да се земат на фактура и претставуваат дел од сива економија. Доколку сите купувачи бараат фискална, неморалниот трговец нема да може да ги пробутува фалсификатите меѓу оригиналите. Така да Вашата безбедност од оваа зло ќе биде зголемена, иако доколку не бараат сите фискална можноста да се подметне фалсификуван производ наместо оригинал останува.

Третата работа во препознавање на фалсификатите е цената на производот. Секој бренд има заштитена цена. Разгледајте ги цените на производите во месечните списанија како што е Убавина и здравје или во поголемите парфимерии во Скопје и споредете ги со цената која ја плаќате, доколку има разлика, сигурно помеѓу оригиналните производи се измешани и фалсификувани.

Четвртата работа е променлив квалитет на производот што го купувате. Доколку производот не одговара на квалитетот кој сте го научиле значи дека истиот е фалсификуван.

Ќе продолжиме и понатаму да пишуваме на оваа тема. Посебно за тоа како да се избориме против оваа современо зло заради нашата лична здравствена заштита.

Wednesday, October 22, 2008

ФАЛСИФИКУВАНИ БРЕНДОВИ 1

Дали знаете што купувате од козметичките производи? Дали го плаќате онаа што стои на амбалажата на производите? Дали квалитетот на производите одговара на парите што сте ги дале за брендиран производ? Дали станувате жртва на неморални трговци и производители кои заради лесна заработувачка ви продаваат фалсификувани производи? Сите овие прашања се актуелни за секој кој користи козметички производи.
Овој феномен е актуелен во светски рамки но не е изземена и Македонија. Често пати можеме да прочитаме натписи по весниците како на пример: Запленети рекордни 77000 парчиња фалсификувани козметички производи од познати светски брендови. Ако се земе во предвид фактот дека светски просек на откриени фалсификувани производи е 10%, бројката што може да се најде на пазарот во Македонија, па и Куманово е огромна.
Која е логиката на неморалните трговци? Едноставно, економска. Фалсификувана маскара ја набавуваат за 100 денари а ја продаваат за 410 денари, од друга страна оригиналната маскара се набавува за 360 денари и се продава за 480 денари. Неморалниот трговец има чиста заработка од 310 денари (не плаќа ДДВ за фалсификати бидејќи ги набавил на црно) додека заработката на оригиналниот производ е 120 денари - ДДВ ке изнесува 80 денари. Неморалниот трговец размислува само за сопствениот џеб, додека воопшто не размислува за последиците на потрошувачот. А последиците можат да бидат огромни бидејќи секој козметички производ е во директен контакт со кожата.
Во наредните неколку блогови ќе пишуваме за овој феномен и за начинот на можните заштити на потрошувачот. Очекуваме ваши коментари за овој феномен како темата би ја направиле поинтересна и како Декор Козметикс директно би се вклучил во борба против оваа современо зло, а со цел на заштита на ценетите потрошувачи. Во наредните теми ќе пишуваме за потеклото на фалсификуваните производи и можното препознавање на истите. Можете да дадете коментар и за проширување на темава.

Thursday, October 9, 2008

ТРЕТМАН ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПРИРОДЕН ВОЛУМЕН

Keramine H во својата палета на производи има и третман за добивање на природен волумен на косата. Овој третман се користи кај природно тенката коса, кај слабата и лесно кршлива коса или нормална коса. Во третманот е содржан:
1. Шампон за добивање на волумен и
2. Лосион за добивање на волумен
За начинот на употреба и карактеристиките кликнете на:
Повеќе детали

Saturday, September 27, 2008

Руменила BOURJOIS

Руменилата на Bourjois овозможуваат нежен, мек и гладок како кадифе изглед благодарение на новиот бисерен ефект и вештиот микс на пигменти. Печената текстура се трансформира на кожата во светол ултрафин пресуван прашок кој лесно се нанесува и меша беспрекорно. Еден потег на четката и Ви открива неодолива арома на прав кој мириса на роза. Самиот производ содржи четка од природно влакно за нанесување на руменилото. Овој производ на Bourjois има добиено награда за убавина за 2007 година во Британија.

Овие руменила согласно официјалниот сајт на Bourjois претставуваат bestseller.

За да ги видите нијансите на боите на овие сенки од олекцијата на Bourjois кликнете на:
Bourjois руменила

Третман за обновување и регенерирање на коса Keramine H


Оваа линија (третман) особено им одговара на потребите од типот на: потхранување и хидратизација на влакното онаму каде е најпотребно, за сите типови на коса особено на сува, дехидрирана и екстремно сува коса. Линијата за обновување и регенерирање е базирана на скапоценото масло од Орхидеја и минералните соли-цинк, железо, магнезиум и бакар,кои имаат дејство на хранење и даваат влажност длабоко во коренот и на комплетната структура на целата коса.

Третманот содржи 3 преперати:
Шампон (300мл. Концентрат),
Маска500мл. и
10Ампули од10мл.
Препорака за користење на третманот е најмалку 3 месеци за постигнување на идеален ефект и очекуван резултат.

За начинот на употреба и повеќе детали кликнете на: Повеќе детали

Sunday, September 14, 2008

ГРЕШКИ ЗА УБАВИНА КОИ СИТЕ ГИ ПРАВИМЕ

ГРЕШКИ ЗА УБАВИНА КОИ СИТЕ ГИ ПРАВИМЕ

Согласно сајтот за убанина http://beauty.about.com следниве претставуваат грешки при шминкање и убавина:

1. Нанесуваме сенка за очи со нашите прсти. Не користете ги вашите прсти и евтините работи што доаѓаат со Вашата шминка. Наместо тоа инвестирајте во квалитетна четка за сенки за очи. Тие претставуваат стартна инвестиција но можат доживотно да ви траат. Во повеќето списанија може да се прочита дека кога со прстите ќе се нанесе сенка за очи добиваме посекси изглед, но тоа е сепак начин кој може да го користат оние кои знаат што прават со прстите.
2. Премногу ставаме пудра. Повеќето користат различни нијанси како основа и потоа ставаат пудра. Нијансерите дејствуваат како светли пудри и не е потребно да се ставаат и двете работи.
3. Купуваме пудри и кармини во супермаркети и маркети. Сите имаме торба полна со различна шминка која сме ја купиле но не ја користиме. Кога купувате ваква стока секогаш прво пробајте ја со тестери во специјализирани продавници за шминка.
4. Излегуваме од дома со мокра коса. Да, косата треба да се осуши. Ова може да бара дополнително време. Така мијте ја косата навечер или станете порано наутро.
СЛЕДНОВО ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

· KERAMINE Третман против опаѓање и стимулирање на раст на коса

·
KERAMINE Третман за зајакнување на коса

·
KERAMINE Третман против првут

·
Креми на REVLON

·
Маскари на MAX FACTOR

·
Кармини за усни на REVLON

·
Сенки за очи на BOURJOIS

·
Бои за коса REVLON

Кликнете на тексот кој ве интересира (или кој сте испуштиле да го добиете на Вашиот mail и линкот ќе ве одведе до бараната содржина.

СЕНКИ ЗА ОЧИ BOURJOIS


СЕНКИ ЗА ОЧИ BOURJOIS

Сенките за очи на Bourjois овозможуваат сјајни бои на вашите очи. Кога се нанесуваат суви сенките за очи се светли и сјајни. Кога се нанесуваат на влажно се добива целосен интензитет на пигментите на бојата и бисерни ефекти за прекрасен ефект. Самите сенки имаат интегрирано огледалце и апликатор за нанесување на сенката.

Овие сенки согласно официјалниот сајт на Bourjois претставуваат bestseller.

За да ги видите нијансите на боите на овие сенки од олекцијата на Bourjois кликнете на:
http://decor.cosmetics.googlepages.com/bourjois-senki

Saturday, September 6, 2008

Третман против првут Keramine H

Активниот екстрат од Црн слез, Климбазол и Цинк Пиритон се содржани во Линијата на КERAMINE H која делува во спречувањето на првутот, благо ја тонифицира кожата и го спречува неговото повторно појавување.
Третманот содржи 3 препарати:

· Крема во туба
· Лосион и
· Шампон од 300мл (концентрат 5:1)

Третманот помага во случаи на себореа и себоријаза, црвенила и неподносливо чешање на кожата на коренот на косата и во случаите каде има класичен првут, се препорачува користење на шампонот заедно со лосионот, а во случај на себореа или себоријаза, неподносливо чешање, ранички и црвенила на кожата се препорачуваат сите три препарати. (Ако во почетниот период на користењето на препаратите се забележи појава на повеќе првут тоа е знак дека делуваат, го чистат темелно првиот слој на иритираната кожа и пополека ја смируваат за да почне нормално да функционира)

Прочитајте повеќе за третманот за зајакнување на косата на нашиот сајт: http://decor.cosmetics.googlepages.com/keramine23

Keramine H Третман за зајакнување

Eдна од најкористените линии од Италијанската популација е линијата за третманско негување на косата на KERAMINE H, која е составена од Кератин, Серицин (протеин на свилата) и аминокиселини кои помагаат во решавање на проблемот на зајакнување и делуваат против слабоста, сувоста, лесната кршливост и мрсност на косата, притоа ја штитат од употреба на фен и честото миење. Препорачливо е користење на овие препарати за одржување на здравјето на коренот и на целото влакно преку цела година или во периоди (бременст и поселе породување) кога се забележува ослабеност и уморност на косата.
Третманот содржи:
· 10 Ампули од 10мл.и
· Шaмпон од 300мл(5:1) и од 500мл.(7:1 концентрат)

Прочитајте повеќе за третманот за зајакнување на косата на нашиот сајт:
http://decor.cosmetics.googlepages.com/keramine22



Saturday, August 9, 2008

KERAMINE H



Модерниот животен стил, заедно со надворешните влијаниа (вода, смог, магла) работни простории (дим од цигари и рестораните), исхраната и дисхармонијата во организмот, дијагнозите или генетските предизпозиции: неквалитетните препарати за коса (базирани на непроверени состојки или со недокажано и сомнително потекло) и неправилното негување (нетемелно миење и честото менување на средствата за нега) лесно ја оштетуваат косата. Веднаш се видливи знаците за “нездрава коса“ која е изменета во бојата, квалитетот и изгледот правејќи ја сува, без сјај и со различни проблеми и за кои секојдневно сме во потрага по препарат за нега за да ги решиме.
Keramine h, со својата лепеза на производи, му овозможува на секој од нас да го најде најсоодветното решение за косата повторно да си ја поврати силата, сјајноста, волуменот и виталноста, пред се природниот изглед.
Сите производи од линијата keramine h се дерматолошки, клинички испитани и тестирани во лабараториите во Италија.
Со користење на најздравото, најкорисното и најчистото од природата, soco-societa cosmetici spa т.е асоцијацијата на италијанските козметичари со седиште во Торино, Италија, експерти и професори од областа на медицината, дерматологијата и козметиката за нега на коса, е активна и специјализирана од 1969 на полето на производство и извоз на високо квалитетни оригинални производи за нега на коса. Присутни и добро познати во Италија, но и на сите светски пазари по нивните специфични третмански колекции, се наметнаа со нивниот квалитет, висока технологија, конкурентните цени и загарантиран успех и резултат по краток период на користење на колекциите.
Името керамине е настанато од соединување на двете основни состојки кои ги карактеризираат препаратите - кератин и аминокиселини од кои всушност е составено и самото влакно.

Керамине го доближува до вас природното и го оддржува ветувањето зарезултат!
Со мотивирано, правилно и редовно користење на третманските линии на керамине, како и решавање на дијагностицирани проблеми, така и во нивната превенција или само во желба за одржување на здравјето и убавината на вашата коса.Керамине козметиката се препорачува дури и за оние потешки случаеви во текот на цитостатична терапија - против канцер и пост период на цитостатична терапија.

Убавината е секојдневен гест, затоа.. подарете си ја!


Линијата Керамине е специјално наменета за коса која има проблеми со опаѓање и стимулирачки дејствува врз растот на косата која е подеднакво наменета и за мажи и за жени.



Прочитајте повеќе за третманот протива опаѓање и стимулирање на раст на нашиот сајт:
http://decor.cosmetics.googlepages.com/keramine2

Sunday, July 27, 2008

REVLON SUPER LUSTROUS
НОВ СВЕТКАВ СЈАЈ - КАРМИН ЗА УСНИ НА РЕВЛОН SUPER LUSTROUS SHINY SHEERS
Блескавиот (super lustrous) SHINY SHEERS им дава на усните сјај и свиленкаста боја на сјаилото, а во исто време, има еднаква структура како кармин.
Ви ја овозможува оптималната комбинација за висок сјај, со свиленкаста боја, удобно и прецизно нанесување.
Во својот состав содржи:
- liquiSilk за влажност и свиленкасто чувство и
- заштитен фактор 15 за заштита на усните од надворешни штетни влијаниа.


СЈАЈ ЗА УСНИ SUPER LUSTROUS (super lustrous lipgloss)
Гламурозен, мекан сјај кој доловува „мокар“ изглед на усни. Воедно содржи повеќе пигменти на боја за долготрана постојаност, усните ги влажни и негува.
Се сјаи, глатко се нанесува и остава пријатно чувство.
Ги хидрира усните и создава „мокар“ изглед.
Се распуштаат меурчиња на влага и боја со што, непрекидно ја освежува бојата на Вашите усни.
Останува на усните подолго од останатите сјаеви.
Ги штити усните од штетни надворешни влијанија и спречува сушењето на усни.

КАРМИН ЗА УСНИ SUPER LUSTROUS (super lustrous lipstick)
Има богата и глатка боја која не избледува и останува рамномерна на усните подолго време. Содржи извонредна формула liquisilk со алое и витамини во својот состав. Ви обезбедува неверојатно глатко чувство на усните. REVLON додатно го подобри она што веќе и беше добро кај карминот за усни Super Lustrous.
Новата раскошна формула ја содржи Ревлоновата ексклузивна технологија LiquiSilkTM, која ги натопува усните со навлажнувачи кои се обогатени со свила и витамини, со што остварува богато, свилено и глатко нанесување на карминот на усните.
Новиот кармин Super Lustrous има богата кремаста боја која не ги суши усните.
Усните имаат сјаен изглед и остануваат навлажнети подолго време, а бојата останува рамномерна и неизбледува.
Осетете ја разликата!Овој кармин ги прави усните неверојатно меки и глатки.
Новата амбалажа е со пораскошен изглед и со прозирен врв на капачето,кој Ви овозможува едноставен преглед за избор на боја. Капачето при тоа содржи посебен механизам, кој при затворање Ве спречува да си го оштетите карминот. Па така Вашиот омилен кармин останува неоштетен и употреблив подолго време.

Tuesday, July 22, 2008

Креми Ревлон


Нега на лицето со кремите на РЕВЛОН е одличен избор за Вас. Кремите на ревлон се збогатени со Естернаген-комплекс кој делотворно ја задржува кожата на лицето влажна и воедно ефикасно го успорува процесот на стареење.
ЕТЕРНА-ВОНДЕР е ноќна крема која ја обновува цврстината и еластичноста и на најсувата кожа.Содржи заштитен комплекс на основниот слој на кожата,го успорува биолошкиот часовник и го одржува подолго време младешкиот изглед.

  • Доколку редовно се употребува, ја намалуа должината и длабината на борите во тек на 21дена

  • Кожата добива до 60% повеќе влага. Содржи УВА и УВБ - заштита од надворешни штетни влијаниа.

24-h-овна КОРЕКТИВНА ЕТЕРНА е исклучи телно делотворна, хидратантна крема за лице со формулација која дава целодневни-24h-овни резултати. Помага во поправување на првите знаци на стареење и ја штити кожата од понатамошните оштетувања. Ја зголемува цврстината на кожата, и ја продолжува постојаноста на нанесената пудра. Содржи УВА и УВБ-заштита.

ЕТЕРНА - 24h-овна КОРЕКТИВНА КРЕМА ЗА ОКОПЛУ ОЧИ ја изгадува и омекнува сувата кожа на пределот околу очите при што кожата во тој дел добива младешки изглед, го зацврснува пределот околу очите и содржи УВА и УВБ заштита од штетни влијаниа.

Thursday, July 17, 2008

ВО ОЧЕКУВАЊЕ: НОВО

БЕЗБОЈНА МАСКАРА MAX FACTOR

Конечно, постои безбојна маскара. За сите на кои регуларните маскари се премногу густи за нивните трепки оваа маскара ќе дејствува како гел кој ќе ги одржува трепките на своето место по поминување со маскарата без да бидат премногу тврди.
Безбојната маскара ги прави трепките меки и секси. На ваков начин се задржува природната боја на трепките, така да сите што имаат црни трепки нема да имаат потреба од регуларните маскари. Доколку некој има потреба од друга боја на трепките може да ги користи црните или маскарите во боја на Max Factor.

MIRACLE TOUCH РУМЕНИЛО MAX FACTOR

Руменилата во вид на крема се едноставни за користење и не постои грижа за тоа како ќе се измеша со Вашата кожа бидејќи се упива во кожата без дополнителен напор оставајќи прекрасен сјај. Max Factor ги објави деталите за нивното последно руменило во вид на крема, Miracle Touch руменило за образи во 6 нијанси. Руменилото реагира на контакт со кожата при што се трансформира од боја во тврда состојба во совршено руменило во вид на крема.







МАСКАРИ НА МАКС ФАКТОР


STRETCH MASKARA е маскара која освен што e отпорна на допир вчудовидувачки ги издолжува Вашите трепки, со што добивате класичен и елегантен изглед. Оваа маскара е непарфимирана, хипоалергеник и погодна е и за лица кои носат леќи.



MORE LASHES маскара е волуменска маскара која дава двојно повеќе трепки кои што луксузно се здебелени, лесно се нанесува, четката има улога на чешле за трепки за да ги извлече сите трепки и ги одвојува една од друга како ниедна друга маскара за волумен, а во исто време е отпорна на допир и размачкување.

MORE LASHES WATERPROOF маскара ги има истите карактеристики со more lashes и е водоотпорна.

AQUA LASH пак е водоотпорна маскара, отпорна на размачкување која на трепките им дава убав изглед, ги згуснува и издолжува во исто време. Ова е вистинската маскара за летниот период за на плажа.



LASH LIFT е волуменска маскара, која во еден потез ги згуснува, издолжува и подигнува трепките. Маскара која 100% ги подигнува трепките од коренот, притоа го отвара Вашиот поглед. Наменета е за жени кои без разлика на своите години сакаат максимално подигнати трепки без дополнителен напор (виткач за трепки).

LLASH LIFT WOTERPROOF е маскара со исти карактеристики со предходната lash lift, со таа разлика што е и водоотпорна.

Sunday, July 6, 2008

АНТИЦЕЛУЛИТ-КОЗМЕТИЧКАПРОГРАМА

Со доаѓањето на летото повеќето жени ги врзува страв од покажување на целулитот на плажата. Оваа појава се појавува заради модерниот начин на живеење што претставува нередовна исхрана, премалку движење, стресниот живот или заради комбинација сите горенаведени. Одстранувањето на целулитот претсавува тешка работа. Освен со внесување на поголема количина на течност во организмот, соодветната исхрана, вежбањето и масажата, во борбата против оваа современо зло може да се користат и антицелулитните препарати. За да се зголеми дејствувањето на антицелулит кремите навечер после масажата и нанесување на кремата навлечете најлонски пантолони со кои ќе постигнете учинок на сауна и ќе овозможите кремата да продре длабоко под Вашата кожа. Потребно е да се напомене дека не треба да се очекуваат волшебни резултати со едно користење целулитот да го снема засекогаш. Со правилна употреба на препаратите првите резултати може да се очекуваат дури по третата недела на редовно секојдневно користење. Додека вистинските резултати дури по третиот месец од користењето. Треба да напоменеме дека со престанување на користење на кремата, вежбање и правилната исхрана антицелулитот може повторно да се појави. За било кој препарат против целулит најдобро е да се користи ноќе пред спиење бидејќи тогаш кожата најдобро ги впивува состојките од препаратот.

Идеална формула за согорување на мастите и одстранување на заостанатата течност од ткивото под кожата претставуваат антицелулит кремите. Овие креми прават дренажа и антицелулитна масажа, пи што стариот и натрупан целулит активно го разградува. Ја тонизира и измазнува кожата и дава нежност, мекост и сјај и воедно го намалува обемот на телото.
· Антицелулит гел е на база на бршлен, рузмарин и лаванда. Гелот ја тонизира кожата и го разградува тврдокорниот целулит согорувајќи ги мастите од организмот и одстранувајќи ги заостанатите течности од подкожното ткиво.
· Антицелулит крем има слично дејство со гелот, разлика е во тоа што плус ја намалува рапавоста на кожата и и дава мекост. Во својот состав содржи бршлен, кофеин, цимет, зелен чај, костен и алантоин.
· Гуарана пак е антицелулит крема што ја подобрува циркулација, ги зајакнува капиларите и спречува можност за настанок на нова поморанџина кора.
· Цекропиа е антицелулитен гел препорачлив за цврст целулит и млитава кожа, ги разградува масните наслаги и ја зацврснува кожата. За секојдневна едномесечна употреба Ви ја намалува структурата на телото во обем до 3 сантиметри.

*За користење на ваков тип на производи пожелно е да употребувате масажна-ракавица, панталони или чорапи.

Friday, June 20, 2008

Revlon бои за коса

БОИ ЗА КОСА РЕВЛОН


Прекрасна боја за коса која навистина вреди.

Боите за коса на Revlon ColorSilk ® Ви дава прекрасна боја од ултра сина до богато црна и живо црвенкаста. Со овие бои за коса добивата 100% покриеност на сивата коса со природен изглед дури и бојата на коренот на Вашата коса.

Овие бои за коса ја прават Вашата коса да биде во подобра состојба отколку пред да ја фарбате. ColorSilk боите за коса на Revlon се без амонијак заради максимална благост и хранливос на Вашата коса од внатре. Кондиционерот за после фарбање е дополнет со протеини од свила и провитамини правејќи ја Вашата коса свилена, светкава и поздрава од пред фарбањето со ColorSilk боите за коса на Revlon.

ColorSilk боите за коса на Revlon може да се користат на природна, фарбана, ослабена или ретка коса.

Посетете ја официјалната страна на боите за коса на Revlon за да го искористите експертскиот совет за избор на нијансата за боја на вашата коса преку одговор на едноставни 3 прашања. Совет од експертот се наоѓа на следнава страна:
http://haircolor.revlon.com/aspx/colorsilk/ColorSilkShadeSelector.aspx

Макс Фактор пудри

Дали знаевте дека пудата Age Renew на Max Factor е со патентирана формула која за момнт ја прави Вашата кожа да изгледа 5 години помладо. Моментално ја намалува видливоста на брчките, ги минимизира темните кругови околу очите и ја освежува кожата.

Имајте ја во предвид Colour Adapt течната пудра која е без масло и со честички кои се прилагодваат на Вашата нијанса на кожата, притоа давајќи мазен, гламурозен, драматичен изглд со внатршн сјај. (постојат и бронзена и golden нијанса)

Lasting Performans е долготрајна течна пудра што не остава траги при допир со облката. Одлично ја абсорбира мрснотијата од кожата ја оддржува шминката совршена.

Seamless е пудра која ја влажни кожата, ги прикрива сите кожни недостатоци, а во исто време не се познава каде завршува пудрата и каде започнува голата кожа. Погодна е за дневното шминкање.

Pan Stik-от на Max Factor може да се употребува како коректор и како крем пудра. Ја навлажнува кожата и ги корегира нејзините недостатоци. Погоден е за нормална до сува кожа.

Новата Miracle Touch крем пудра при контакт со кожата се претвора во течна пудра, лесно се нанесува и со својата уникатна формула ја елиминира потребата од комбинација на: коректор, течна пудра и пудра во прав. Со Miracle Touch до беспрекорен и свеж изглед!