Friday, June 25, 2010

Нова веб страна на Декор Козметикс

Декор Козметикс сите свои новитети и блог написи ќе ги објавува на новата веб страна: Декор Козметикс.

Saturday, June 27, 2009

DEBORAH LIGHTCREATOR SHINE & VOLUME СЈАЈ И ROLLISSIMA СЕНКА- ПРЕГЛЕД

LIGHT CREATOR SHINE & VOLUME се нови сјаеви на Deborah и ни овозможуваат лесно нанесуванње (на класичен начин), беспрекорна сјајност, екстремен комфорт и згора на сето тоа 2 пати зголемен волумен на усните.

z6576245X

Постои во 7 летни нијанси.

ROLLISSIMA е супер бисерна сенка со практична употерба бидејќи е во стил на роллон!

DeborahRollissima

Супер поради можноста:

  • Да се нанесе брзо,
  • претставува ефектна сенка и
  • практична е поради можноста да се нанесе директно од роллонот на капакот на очите, без употреба на апликатори, со што количината не се расипува!

STOPGREY-СТОП ЗА БЕЛАТА КОСА НА KERAMINE H

26031723533268202 STOPGREY-СТОП ЗА БЕЛАТА КОСА претставува револуционерен производ на KERAMINE H кој е наменет за машката популација, но секако не е забранет и за жените. Се смета дека жените со боење на косата го надминуваат овој проблем, додека мажите ретко се фарбаат затоа KERAMINE H го воведе овој нов производ на светскиот пазар кој сега е достапен и за нас. Овој производ претставува прогресивен лосион за потемнување на природно побелената коса –формула за природен ефект!

Карактеристики:

  • Револуционерен лосион кој ден по ден од неговото користење го заменува меланинот со пигмент кој ја враќа Вашата природна боја на косата.
  • Може да го решите проблемот на побелување на косата уште од првото појавување на белите влакна, или да одберете да го нанесувате на зоните кои се веќе побелени. Може да престанете со нанесување кога ќе посакате да оставите нијанса прошарана или да продолжите се додека белата коса комплетно не биде покриена.
  • Лосионот е безбоен, делува на секој тип на коса и нема интезивен мирис.
  • НЕ ОСТАВА ФЛЕКИ НА КОЖАТА.
  • Потребни се 10 дена до три недели употреба за да се видет првите резултати. Брзина на постигнување на резултатот е важна и од состојбата и квалитетот на Вашата коса: ако косата е потенка и поретка резултатите се побрзо видливи. А ако е погуста и неоштетена тогаш е потребно повеќе време за постигнување на посакуваната нијанса.

На сликата подолу е прикажан ефектот на овој нов и револуционерен производ:

2620081022130517

Навистина изненадувачки!

И уште две изненадувања од KERAMINE H:

KHSo

SO ONE AFTER 8 p.m - Паста за обликување за сите типови на коса. Наменаета е за креирање и обликување на кратките фризури, одвојување и нагласување на прамени, дава природна екстра сјајност на косата, див изглед на фризурата и подолгочасовна трајност. Специфичниот мирис е добиен од светки познатопто чоколадо After 8 и екстракт од нане.

SO ONE (Extra liss) - Масло за израмнување и измазнување за сите типови на коса со екстра свиленкаст ефект. Ги израмнува и измазнува сите типови на коса, дури и природно витканата коса.Не ја измастува,отежнува косата и и дава природно свиленкаст краен ефект. Ја оддржува постигнатата форма подолго време и ја регулира сувоста по должината на влакното. Благодарение на течната свила и дава на косата екстра сјајност, остава пријатен мирис и ја смирува и најпроблематичната коса за обликување. Наменет и за пред употреба на пегла за измазнување на влакно кое тешко се обликува.

Sunday, June 21, 2009

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА НАНСЕУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА НАЈДОБРИТЕ БРОНЗЕРИ

Bronzer Бронзерот е козметичка супстанца која се нанесува на кожата за да и даде бронзена боја. Многу жени ја избегнуваат употребата на овој препарат поради стравот дека ќе изгледаат неприродно или дека лицето нееднакво ќе им биде пигментирано. Битен е вистинскиот избор според основната боја на Вашата кожа и ефектот кој сакате да го постигнете!

  • Бронзерот треба да се користи поради допринос за свежина на изгледот и ублажување на недостатоците. Изберете нијанса така да постигнете природно-препланат тен!
  • Кога бирате во каков облик ке биде Вашиот бронзер (течен, во прав или во облик на крема) одлучете се за оној кој ви е најпрактичен за нанесување.
  • Потебен Ви е мат бронзер доколку сакате да го нанесете на целото лице. Доколку пак го сакате само на одредени делови на лицето тогаш одберете сјаен бронзер.
  • Каков е Вашиот тен?
    • За темен тен бирајте земјени нијанси. Пробајте ги бронзерите на Manhattan.
    • За среднотемен тен бирајте ги нијансите на цимет. Пробајте го Mineral Natural Bronzer на Max Factor.
    • За светол тен избирајте ги посветлите нијанси на бело кафе.

Пробајте и некои други брендови на бронзери, едноставно впуштете и се летната жештина со препланат и заводлив тен!

Не заборавете да ја усогласите бојата на лицето со кожата на телото!

ИЗМЕНИ ВО ВАШИОТ НЕСЕСЕР

Време е да направите измени во Вашиот несесер!

Понекогаш треба да се сменат нештата, без обзир на тоа колку биле добри.

Маскара.Трае околу 3 месеци.Влажната и темна средина погодна е за бактерии, затоа фрлете ја доколку го смени мирисот и никогаш не позајмуваје ја на друг или од друг.

Средство за заштита од сонце. Заменете го со ново секоја година. Обично рок на траење на овие препарати е две ипол години, но сончевата енергија пак погодна е за развој на бактерии, така да многу подобро е во почетокот на сезона да си обезбедите нов препарат за сончање.

Четкичка за заби. Купувајте нова на шест месеци до година дена, особено доколку сте имале проблеми со усната шуплина, грло или заби и почесто заменете ја Вашата четкичка со нова. На враќање дома од одмор едноставно не враќајте ја дома старата четкичка за заби!

Бронзениот тен никогаш не излегува од мода. Денеска се постигнува лесно со разни средства за самопотемнување - магија на 21 век! За да не би чекале годишен одмор и одење на летување како би го добиле конечно обожаваниот препланат тен на Вашата кожа, прошетајте и набавете си еден од препаратите за самопотемнување, со чија помош и дома можете да го постигнете саканиот ефект!

Saturday, June 13, 2009

ЛЕСНИ ТЕКСТУРИ ЗА СВЕЖИНА И УБАВИНА НА КОЖАТА ВО ЛЕТО

Потребите на кожата се менуваат во зависност од годишното време. За да бидеме наградени со резултат на здрава и убава кожа потребно е да ја негуваме кожата правилно и постојано.

Препорачуваме лесни текстури во пресрет на летото со помош на кои кожата ќе ја заштитиме и освежиме, а воедно и разубавиме. Еден од најпотребните елементи во сите годишни времиња е водата во големи количества, особено во лето!

Втор елемент е освежување и оживување на кожата на лицето со тоници, па крема за лице или подлога за шминка (соодветна на возраста) и секако шминка со лесна текстура.

Доколку во зима сте користеле Miracle Тouch крем пудра на MAX FACTOR, во лето користете Natural Minerals пудра на MAX FACTOR која ја збогатува кожата со минерали и не ги запушува порите.

Natural Minerals постои во 4 нијанси + Bronzer, за бронзено потемнет тен!

MiracleT-NaturalMinerals

Доколку сте користеле руменило Revlon blush fard a joues, летово пробајте ги руменилата на DEBORAH Fard  и DEBORAH Hi-tech, постојат по 6 мат и 6 седефни нијанси!

DebHiTechblush

Во замена на Вашиот зимски кармин, пробајте ги сега 3 D-Effet Gloss lipstick на BOURJOIS,кој овозможува тродимензионален волумен и сјај на Вашите усни.

3d_nudes_l

Обезбедете и ја потребната заштита, виталност и еластичност и на кожата на телото.

И за крај не заборавајте ги Вашите стапалата!

MAX FACTOR СЕ ПОВЛЕКУВА ОД САД

Max_Factor_Logo Нешто изненадувачко и сосема неочекувано од гигантот и иноваторот на модерната шминка Max Factor. Procter & Gamble, сопственикот на брендот Max Factor од 1996 година пред некое време најави ќе ја повлечат целата линија на производи на Max Factor од САД, додека брендот ќе продолжи со работа во Европа и Азија.

Во САД владее вчудовиденост за најавите на компанијата Procter & Gamble, бидејќи освен добрата шминка што ја нуди Max Factor, брендот претставува американска икона.

Инаку основачот на компанијата е Max Factor, емигрант од Полска, кој го нарекуваат „татко на модерната шминка“. Тој започнува прв да дизајнира шминка која се користела во филмската индустрија во Hollywood.

Двајцата внуси на Max Factor ги следат чекорите на нивниот дедо и успешно лансирале и работат на шминка од брендот Smashbox Cosmetics.