Sunday, November 30, 2008

МЕШАЊЕ НА БРЕНДОВИ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА ЕДЕН БРЕНД НА КОЗМЕТИКА И ШМИНКА

Често пати читаме и слушаме препораки да се користат исти брендови на производи за одредена намена. Козметичката индустрија во последниве години на развој е доведена до совршенство. За разлика од минатото, денеска производителите пазат на тоа кои состојки во козметичките препарати и шминката предизвикуваат штета. Но сепак од производител до производител постои разлика. Освен од производител до производител постои и разлика од производ до производ на секој производител.

Денеска на пазарот може да се најдат различни производи од различни брендови со иста намена на користење. Потрошувачите се збунети и од премногуте реклами на телевизија, по весници и списанија.

Во изминатава година забележавме дека штом ќе излезе некој нов производ и биде виден на реклама на телевизија (посебно на Хрваткска телевизија бидејќи рекламите почнуваат пред нас), истиот се бара веднаш.

Што е подобро користење на една линија од еден бренд со друга линија од друг бренд или користење на две различни линии од ист бренд? Сметаме дека е подобро да се врши комбинација на линии од ист бренд на козметика или пак шминка. Зошто?

Еден производител на козметички препарати или шминка вложува огромни напори и пари во развој на нови производи и линии на производи и во исто време внимава да бидат компатибилни со сите други производи што ги произведува тој производител. Сите производи од еден производител се подготвени во исти лаборатории, со иста основа и мешавина на состојки и со нивната комбинација ќе се постигне подобар ефект.

Нашата препорака е да ги комбинирате козметичките препарати или шминката од ист компатибилен бренд со тоа што внимателно ќе го одберете вистинскиот бренд за Вас.

ФАЛСИФИКУВАНИ КОЗМЕТИЧКИ ПРОИЗВОДИ 2

Продолжуваме со темата за фалсификувани козметички производи. Пазарот врие од фалсификувани производи кои доаѓаат до крајните корисници но со цена малку поефтина од оригиналните. Кажавме дека заработката на неморалните трговци е огромна. Постојат уште многу прашања, од кои едното дали во Куманово има фалсификувани производи од козметика, парфеми и шминка, како да се спасиме од фалсификатите, како да ги препознаеме овие производи.

Се сеќавам минатата година пред нова година пред една од парфимериите во Куманово беа исфрлени еден куп црни кеси. Црни кеси увозниците и легалните дистрибутери не даваат. Веднаш знаевме како се работи во Куманово иако само што почнавме со работа.

По едно такво увидување ние во Декор Козметикс донесовме интерна политика за квалитет во која еден дел е дека ќе продаваме само оригинални производи, позади кои ќе стои фактура и увозник или дистрибутер. Пред некој ден е дадена наредба на вработените доколку види некој кој со торба поминува и сака да ни продаде стока веднаш да се јават на 192.

Од друга страна имаме соодветен систем на business intelligence преку кој собираме различни информации кои по одреден период ќе бидат дадени на овластените органи, но и на овластените увозници на оригиналните производи. Во моментов ќе изработиме и посебен дел на нашиот веб сајт за било кој од Вас анонимно да може да достави информација за сопственото искуство во поглед на фалсификувани производи.

Како да знаете дали купувате оригинал?

Прво што можете да проверите е дали брендираниот производ има декларација на која јасно и недвосмислено е наведен увозникот на истите. Ова може и да не биде од помош бидејќи лесно се печатат таквите декларации.

IMG_9073Втора работа е секогаш да барате фискална сметка. Фалсификуваните производи неможат да се земат на фактура и претставуваат дел од сива економија. Доколку сите купувачи бараат фискална, неморалниот трговец нема да може да ги пробутува фалсификатите меѓу оригиналите. Така да Вашата безбедност од оваа зло ќе биде зголемена, иако доколку не бараат сите фискална можноста да се подметне фалсификуван производ наместо оригинал останува.

Третата работа во препознавање на фалсификатите е цената на производот. Секој бренд има заштитена цена. Разгледајте ги цените на производите во месечните списанија како што е Убавина и здравје или во поголемите парфимерии во Скопје и споредете ги со цената која ја плаќате, доколку има разлика, сигурно помеѓу оригиналните производи се измешани и фалсификувани.

Четвртата работа е променлив квалитет на производот што го купувате. Доколку производот не одговара на квалитетот кој сте го научиле значи дека истиот е фалсификуван.

Ќе продолжиме и понатаму да пишуваме на оваа тема. Посебно за тоа како да се избориме против оваа современо зло заради нашата лична здравствена заштита.