Овие трио сенки на Deborah содржат целосно благи и проѕирни нијанси и во нив се наоѓаат крупни сјајни честици кои дискретно даваат сјај над Вашите очи како надополнување на внимателно вклопените бои на сенките во едно пакување.
Сенките се достапни во 8 различни рачни палети кои содржат трио од перфектно ултра координирани бои кои се преливат спакувани во сенки за стилски и софистициран изглед посебен за професионалните шминкери.
Светкавиот прав додека ги нанесувате паѓа насекаде околу очите па потоа можете да имате светки и на образите, околу очите и со мала интервенција со четка може да добиете неверојатни ефекти.
За нанесување се препорачува во следниве чекори:
- Првин да се нанесе на целиот капак на окото најсветлиот дел во вид на основа,
- Потоа средна нијанса по темнина да се нанесе на контурите и аглите на очите
- На крај најтемната нијанса да се додаде на линија над трепките.
За да направите изгледот на очите по нанесување на овие четки да биде перфектен ќе треба да ги нанесете со поквалитетен апликатор.
No comments:
Post a Comment