Sunday, March 29, 2009

CALVIN KLEIN – SECRET OBSESSION ПАРФЕМ

Егзотичен и атрактивен!

Новиот парфем на Calvin Klein Secret Obsession Edp.50мл. 4060ден.

Ги содржи мирисните ноти на помаранџин цвет и слатка ванила.

Женските парфеми на Calvin Klein се нешто што ТРЕБА да биде во колекција на парфеми на секоја жена. Без разлика дали сакате да си се почестите себеси со нешто екстра специјално за да си го разубавите денот или пак барате пдарок за некој навистина драг, нема подобро нешто од купување на некој од женските парфеми на Calvin Klein. Мирисот на овој парфем се прилагодува на различните типови на кожа на различни луѓе, и може да мириса нешто различно од една до друга жена но сепак мирисот е нешто навистина што е посакуван од секој маж или жена.

 

calvin klein womens perfume

 

Ова е парфемот за кој се крена голема врева во повеќе земји за рекламниот спот кој е доста провокативен и изведен од прекрасната Eva Mendez. Постои забрана, цензура и кратење на спотот во повеќето земји заради секси изгледот и провокативниот настап на прекрасната глумица. Можете да го видите спотот подолу.

 

А еве ја реакцијата на луѓето кога се започна со кампања на овој нов и прекрасен парфем.

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛИ ОД DECOR COSMETICS

Bourjois Eau De Gloss сјај за узни:

Max Factor Colour Collections кармини:

Bourjois Volume Glamour маскара:

Sunday, March 22, 2009

ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ: ПРЕГЛЕД НА BOURJOUIS EAU DE GLOSS СЈАЈ ЗА УСНИ

Во оваа видео ги презентираме сјајевите за усни на Bourjois Eau De Gloss. Во видеото ќе можете да видите за:

  • Карактеристиките
  • Составот и
  • Нијансите

Она што е интересно е многу привлечната цена како и тоа што не е леплив па и рекламата на Bourjois е направена за да прикаже како ветерот не ја лепи косата на усните. Можете да го видите подолу.

 

Официјалната реклама на овие сјаеви можете да ја видите подолу:

НОВА МАСКАРА НА MAX FACTOR – FALSE LASH EFFECT MASCARA

Самото име на оваа маскара ни кажува дека претставува единствена маскара која може да доведе до ефект на вештачки трепки. Сите оние кои имаат мото „колку се подолги, толку се подобри“ тогаш оваа маскара е за нив.

FalseLashMF

Оваа маскара е маскара со најдолга четка воопшто направена. И од нормалните маскари на Max Factor има дури 50% поголема должина. Овие четки се добиени со една сосема нова технологија наречена термопластичен еластомер со што се добиваат 50% повеќе влакна во споредба со Masterpieces маскарите на Max Factor. Овие повеќе влакна нафаќаат повеќе од материјата на маскрата и така се овозможува повеќе ќе се нанесе на трепките. На ваков начин овие четки ќе креираат волумен и тоа не само на коренот на трепките, туку и на целиот пат кон врвот. Четката ги разделува влакната на трепките при што креира природен изглед на трепки со целосен волумен.

Оваа маскара претставува револуција во make-up индустријата кога се однесува на трепки и маскари. Целта на Max Factor со оваа маскара е да им овозможи на жените кои што сакаат да имаат големи, здебелени, целосни и долги трепки (едноставно кажано – вештачки трепки). Но, оваа сакаат да го постигнат со маскара, а не со вештачки трепки. За ваков ефект со обичните (други) маскари често пати доаѓа до таканаречено згрутчување или пак доаѓа до чувство на тежина на трепките.

Оваа маскара е произведена и специјално дизајнирана со Liquid LashTM формула за волуменизирање и во комбинација со долгата четка овозможува прекрасен природен изглед на волуменизирани трепки. Оваа формула овозможува да не се суши бргу при нанесување.

Навистина ЧУДО ОД МАСКАРА.

Sunday, March 15, 2009

ПРЕГЛЕД: КАРМИН COLOUR COLLECTIONS НА MAX FACTOR

Во прилог на овој наслов е видео за преглед на кармините Colour Collections на Max Factor. Во краткото видео од нешто повеќе од 3 минути е опфатено следново:

  • Карактеристики на Colour Collections кармините на Max Factor
  • Како да се избере бојата на карминот
  • Како да се нанесе истиот.

Видеото можете да го погледате подолу!

ШМИНКАЊЕ – УМЕШНОСТ, УМЕТНОСТ, КРЕАТИВНОСТ

Шминкањето претставува комбинација од умешност, уметност и креативност. Разликата помеѓу аматерското и професионалното шминкање е во квалитетот на шминките кои ги користат професионалните шминкери, квалитетот на четките за нанесување и умешност за баратање о тие четки, како и уметноста и креативноста во креација на микс од бои. Процесот е ист, но изборот и кретивноста е различна од еден до друг шминкер. Подолу претставуваме еден процес кој е ист или сличен, но со препораки за избор на соодветнта шминка за да се добие прекрасен, долготраен изглед.

Откако сте ја нанеле на Вашето лице соодветната крема за Вашиот тип на кожата, ќе треба да почекате кожата убаво да ја впие кремата.

  1. Лице. Во првиот чекор нанесет од коректорот (препорака Pan Stik Max Factor) на подочниците и проблематичните места на Вашето лице. Потоа нанесете ја пудрата што ја користите и која е соодветна по составот и по нијансата за типот на Вашата кожа.
  2. Веѓи. Веѓите најпрвин обликувајте ги според обликот на окото, а потоа со моливче за веѓи пополнете ги местата каде што самите ќе воочите дека е потребно. Препорачуваме да побарате производи кои што имаат двоен ефект: маскара со четкичка за веѓи, сенка со четкичка за веѓи итн. кои ги има Manhattan. На крај исчешлајте ги веѓите од внатрешноста кон надворешноста.
  3. Очи. Очите се најинтересниот и највпечатливиот дел за истакнување на убавината и со малку техника и креативност секоја жена ќе може да успее во тоа. За перфектен изглед потребно е да имате: барем три нијанси на бои на сенки од најсветла до најтемна (препорачуваме сенки Trio на Deborah), моливче или туш за очи од најтемната нијанса која планирате да ја нанесете (препорачуваме Seventeen туш или моливче за очи Gosh) и маскара која треба да е соодветна според потребите на вашите трепки во однос на густина, должина и други ефекти. Започнете со нанесување на сенката со најсветлата нијанса на горниот дел од капакот, потоа исенчајте ја со најтемната нијанса од надворешниот дел на капакот (кој треба да биде најтемен) кон внатрешноста некаде до средината. Со апликаторот или четка за очи (препорачуваме четки Gosh Professional) исцртајте го капакот со тенка линија по целата должина се до внатрешниот агол и потоа нанесете туш или креон на граница помеѓу трепки и почетокот на капакот и на долниот дел од окото по целата должина за да го исцртате обликот на Вашето око, а во исто време Вашиот поглед да добие длабина. Можете од најтемната боја на сенка слободно да додадете и на надворешниот агол кон надолу некаде до средината на окото се тенок не нападен слој. На крајот нанесете ја Вашата омилена маскара во два слоја (препорачуваме маскара со витамин B за осетливи очи – Bourjois, маскари со повеќе од еден ефект или евентуално маскарата 2000 Calorie од Max Factor). Нанесувајте длабоко од коренот кон надврешноста и почекајте малку од првото до второто нанесување.
  4. Усни. Вашите усни најпрвин дехидрирајте ги со некој балсам или лабело половина час пред нанесување на бојата, овде станува збор за долготрајните и постојани кармини по 8 до 10 часа. Потоа исцртајте ги контурите на усните со нијанса до две потемна од бојата на карминот кој планирате да го нанесете. Потоа нанесете од карминот во тенок слој од карминот, почекајте малку па нанесете од сјајот.
  5. Руменило за лице (препорачуваме Bourjois). Пронајдете си ја Вашат нијанса соодветна на Вашиот тен и со четка (препорачуваме четки со природно влакно) нанесете го од внатрешниот дел на образот кон надворешниот, во потенок слој за да можете да додадете боја по потреба. 

Sunday, March 8, 2009

СЕНКИ ЗА ОЧИ DEBORAH – TRIO HI TECH EYE SHADOW

Овие трио сенки на Deborah содржат целосно благи и проѕирни нијанси и во нив се наоѓаат крупни сјајни честици кои дискретно даваат сјај над Вашите очи како надополнување на внимателно вклопените бои на сенките во едно пакување.

Сенките се достапни во 8 различни рачни палети кои содржат трио од перфектно ултра координирани бои кои се преливат спакувани во сенки за стилски и софистициран изглед посебен за професионалните шминкери.

Deborah-HiTech-Trio

Светкавиот прав додека ги нанесувате паѓа насекаде околу очите па потоа можете да имате светки и на образите, околу очите и со мала интервенција со четка може да добиете неверојатни ефекти.

За нанесување се препорачува во следниве чекори:

  1. Првин да се нанесе на целиот капак на окото најсветлиот дел во вид на основа,
  2. Потоа средна нијанса по темнина да се нанесе на контурите и аглите на очите
  3. На крај најтемната нијанса да се додаде на линија над трепките.

За да направите изгледот на очите по нанесување на овие четки да биде перфектен ќе треба да ги нанесете со поквалитетен апликатор.

МАСКАРА VOLUME GLAMOUR ULTRA BLACK НА BOURJOIS

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Одлично однесување, Одлично раздвојување/ Траен волумен

Овозможува рапидно, без вгрутчувања нанесување благодарејќи на нејзината прецизна четка. Двојно го зголемува волуменот на трепките веднаш по првото поминување и перфектно се задржува без грутки. Во својата формула содржи витамин B кој влијае на здрав изглед на вашите трепки.

Sunday, March 1, 2009

DEBORAH – 24 ORE PERFECT FOUNDATION ПУДРА

Deborah24OreПудрата 24 ORE PERFECT FOUNDATION на DEBORAH овозможува 24-часовен перфектен покривачки ефект. Oвозможува свиленкаста текстура за вистински кадифено мазен финиш. Формулирана е со силен комплекс (Power Stay Complex) кој зачудувачки долго останува на лицето без да остави траги на вашата облека. Дава светлина која паѓа во очи за креативен ефект. Во неа е интегриран заштитен фактор SPF 10 кој ја штити кожата од предвремено стареење како и од UV радијација. Како состојка за сончевите зраци пудрата содржи Titanium Dioxide кој овозможува и UVA и UVB заштита. Прилагодена е за сите типови на кожа и е хипералергенска. Поради кремастата конзистентност пудрата лесно се нанесува. На кожата и дава меко и мазно кадифено чувство заради еден од активните ингредиенти Dimethicone, силикон кој ја задржува влажноста на кожата и ја израмнува истата. Покривањето е одлично и доста природно.

Оваа пудра е достапна во 5 нијанси. Главните предности на оваа пудра е тоа што овозможува свиленкасто чувство, има SPF и добро покрива.