Sunday, December 28, 2008

КОЈ БРЕНД И ПРОИЗВОД Е БРЕНД И ПРОИЗВОД НА ГОДИНАТА?

Во последните 3 месеци спроведувавме неделни гласања за производи (шминка) во Декор Козметикс. Користевме неколку бренда на шминка и повеќе производи од тие брендови. Но, кој бренд, а кои производи се најмногу гласани производи?

Бидејќи дојде крајот на годината би било добро да се сублимираат резултатите од гласањата и да се споделат со Вас. На табелата подолу се дадени резултатите од три месечно гласање преку сајтот http://decor.cosmetics.googlepages.com

На табелата е даден резултат од производите:

Max Factor MasterPiece Beyond Lenght

23

Bourjois Pump Up the Volume Waterproof

15

Max Factor Natural Minerals

14

MaxFactor Lipfinity Lipstick

10

Max Factor Miracle Touch

8

Manhattan Lipdirector

7

Max Factor Colour Perfection Duo Eyeshadow

6

Revlon Super Lustrious

6

Revlon ColorStay

5

Manhattan LongLasting Gloss Glide Lipgloss

5

Manhattan Perfect Teint 2 in 1

4

Revlon New Complexion

4

Bourjois Effet 3D

4

Доминацијата е на производите од Max Factor иако и Bourjois кој е достапен во Македонија од септември 2008 велегува меѓу првите. Да видиме кој бренд е најмногу гласан.

Max Factor

61

Bourjois

19

Manhattan

16

Revlon

15

Согласно овие резултати ЗА БРЕНД И ПРОИЗВОДИ НА ГОДИНАТА ВО 2008 ГОДИНА ОД ДЕКОР КОЗМЕТИКС ГИ ПРОГЛАСУВАМЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА MAX FACTOR.

ИЗБОР НА СТИЛ НА ФРИЗУРА

Се ближи и таа новогодишна вечер кога сите жени сакаат да изгледаат убаво онаму каде што ќе ја дочекаат новата година. Се размислува на тоа што ќе се облече, каква шминка да се стави, каква да биде фризурата, какви чевли... и што уште не.

Во САД постои еден веб сајт http://www.thehairstyler.com на кој можете да поставите ваша слика и да ја менувате фризурата за да видите кој стил на фризура нејмногу ќе ви одговара. Но, услугата се наплаќа и е само за жители на САД.

Од друга страна може да се искористи како креатор на добра идеа за стилот на фризурата бидејќи на истиот се наведени сите познати личности со сите стилови на нивните фризури во текот на кариерата. Така да може да ги разгледате сите стилови на вашата омилена личност од шоу бизнисот и за секој стил на таа личност да прочитате за кого прилега, за каква густина на косата прилега тој стил како и време кое е потребно за таква фризура и што ќе ви биде потребно за истата.

stilkosa

Можете да ја видите и демо верзија на консултантот при што нема да можете на вашата слика да ја менувате фризурата тука на веќе поставената од сајтот и да видите каков ефект се добива од неколку фризури.

Sunday, December 21, 2008

BOURJOIS ОДИ НА 4D СЈАЈ ЗА УСНИ

Bourjois подготвува наскоро да излезе со сјајImage 277 за усни 4D. По одличниот успех на сјајевите Effet 3D на Bourjois доаѓа подобрување на истите со воведување на нова димензија. Суперсјајни чисти текстури во елегантна јаснотија кои даваат тродимензионален волумен се карактеристиките на Effet 3D сјајевите. Новите Effet 4D сјаевите на Bourjois ќе ги има сите особини на претходните 3D но со додадени бисерни мултирефлективни парчиња заради добивање на екстра сјај и да ги направат усните повеќе блескави. Се очекува да излезат во март 2009 година.  

ПАРФЕМ НА ГОДИНА: JLO Deseo

JLO DeseoСогласно веб сајтот Kiss and Makeup за парфем на годината е избран парфемот на Џенифер Лопез Deseo. Парфемот е одличен бидејќи има светол освежувачки мирис кој не потсетува на ниеден друг парфем на познати личности.

Deseo е последниот парфем на Џенифер Лопез и има мирис на шумски цветови кој е инспириран од полноќно шетање низ градината на Џенифер пред да започне невреме.

 

Deseo започнува со доста распростране свежа нота, и подоцна станува доста нежен и укротен. Трајноста е беспрекорна.

Пакувањето е феноменално и изгледа како суров дијамант во кој е сместен овој перфектен парфем. Достапен е во 30, 50 и 100 милилитри пакување. 

Sunday, December 14, 2008

ПРЕДНОСТИ НА МИНЕРАЛНА ШМИНКА

 

Во козметичката индустрија се повеќе станува пракса да се произведуваат шминки со природни минерали. Како пример може да биде најновата пудра на МАКС ФАКТОР со природни минерали. Минерална шминка е онаа шминка која содржи само природни состојки. Луѓето во светот се повеќе се свртуваат кон природни производи и природен изглед. Минералната шминка е таа која ги исполнува овие

идеали. Минералната шминка нема да ја оштети вашата кожа со непожелни состојки како што може традиционалната шминка. Минералната шминка овозможува кожата да биде поатрактивна и обсјаена со здрави тонови по одреден период на користење.

Нанесување на минерална шминка која содржи исклучителни mineralкарактеристики кои доаѓаат директно од природата претставува едноставен процес. Природните квалификации на минерална шминка резултираат во производ кој е доста благ и нежен на кожата, при што ќе обезбеди целосно покривање но и ќе обезбеди доволно чувство дека немате ставено ништо од шминката. Состојките кои се наоѓаат во минерална шминка не предизвикуваат блокади и затнувања на порите на кожата при што ви овозможуваат да имате прекрасна кожа.

Карактеристиките на минералната шминка се:

- Лесна е на кожата (една од најсилните карактеристики)

- Лесно се размачкува на кожата и прилагодува на бојата на кожата

- Ја нагласува природната елеганција и неможе да се примети

Луѓето кои патат од акни, сега ќе може да користат козметички производи кои се природни и не ги затнуваат порите на кожата со што би предизвикале поголеми проблеми.

Sunday, December 7, 2008

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ И ШМИНКА

Жените претприемачи претставуваат жени кои основале и успешно водат сопствен бизнис. Во последно време во книгите и списанијата за претприемништво се повеќе се обрнува внимание на поглавјето за жени претприемачи. Веќе и да не постои книга за претприемништвото во која како посебно поглавје не се обработува темата за жени претприемачи.

Но, сепак постојат и поинакви видувања кои треба да се заборават, но кај нас претставуваат реалност. Во некои средини сеуште се мисли дека жените се за дома, а не за бизнис. Во тие средини сеуште образованието на жените се завршува со основно училиште и е незамисливо жената да излезе од домашните и земјоделските работи. Од друга страна радува фактот што се повеќе жени активно се вклучуваат во стартување и водење на успешен бизнис.

Во последниве години во светски рамки се изродува нов термин mompreneur (мајки претприемачи) кој представува еден дел од популацијата жени претприемачи. Овој термин е кованица за жена која основа сопствен бизнис додека од друга страна продолжува со полно работно време да биде родител-мајка на своите деца. Оваа популација на жени е во растечки број во светот поради фактот што мајките се обидуваат да изнајдат начини да заработат пари, нагласувајќи ја сопствената креативност.

Бидејќи се повеќе жените земаат активно учество во стартување и управување на сопствени бизниси се помалку останува време да бидат стереотипни жени. А, од друга страна активното учество во бизнис животот бара да останат понежен пол, односно да размислуваат на својата убавина. Но, ова одзема доста време.

Еден работен ден може да изгледа како: станување рано наутро, средување, шминкање, одење на работа, пиење кафе, шминкање, состанок, шминкање, некоја работна активност, ручек, шминкање, попладневен состанок, шминкање. Забележуваме дека 5 пати се повторува една активност шминкање. Јапонците користат менаџмент филозофии кои се однесуваат на исфрлување на сите процеси кои не додаваат вредност. И тука можеме да констатираме еден процес кој се повторува повеќе пати во текот на денот. Како да изгледаме убаво без да се шминкаме 5 и повеќе пати во текот на денот? Проблемот може да се реши со поквалитетни шминки на кои стои ознаката трајни (LONGLASTING).  Ова се шминки кои со едно утринско нанесување траат цел ден.

Wednesday, December 3, 2008

ШТО СЕ БАРА НА ИНТЕРНЕТОТ!

Извршивме една анализа и истражување со помош на алатката Google Trends во однос на тоа што најповеќе се бара на интернетот преку пребарувачот google кој опфаќа скоро 80% од пазарот на пребарување за 2008 година.Нашата анализа се однесуваше на тоа кој од овие зборови во светот во определен дел од годината најповеќе се пребарува:

- Козметички производи

- Шминка

- Бои за коса

- Парфеми

Резултатите се дадени на графикот.

Trend1

Забележуваме дека најбаран збор е шминката па потоа козметиката, бои за коса и на крајот парфемите. Интересно е што во сите четврти квартали од годините (2004-2008) постои огромно зголемување на пребарување на зборот шминка. СЕ БЛИЖИ НОВА ГОДИНА!!!