Monday, April 6, 2009

ЖОЛТО-ВИОЛЕТОВА КОМБИНАЦИЈА ВО ТРЕНД!

Женствен и шармантен изглед за претстоечкиот период во виолетова и жолта комбинација! Доколку сакате елегантен-мачкаст изглед што ја комбинира традиционалната жена и модерната убавина, повелете испробајте го најновиот тренд на комбинации на бои.

Очи: Нанесете на очите бисерно виолетова сенка за очи на целиот горен капак, потоа осветлете ги внатрешните и надворешните агли на очите. За поголем сјај нанесете сјајно златна нијанса под аголот на веѓата.

Вашата маскара треба покрај мачкестиот изглед постигнат со бои да ја истакне дефиницијата на Вашето око, а воедно да го задржи здравиот изглед на Вашите очи и да е без згрутчувања!

Препорака: Max Factor False Lash Effect

FalseLashMascara

Дајте им го на Вашите очи посакуваниот интезитет со тоа што ќе додавате или нeма да додавате одредено количество на сенка!

Препорака: Deborah сенки трио.

trioB

Осветлете ја формата на очите со новиот интезивен туш за очи, со надворешна линија на горниот дел од капакот, осветлувајќи го надворешниот агол употребете виолетов водоотпорен молив за очи одвнатре.

Препорака: Tуш: Max Factor, Seventeen. Молив: Gosh, Manhattan.

Образи: Руменило Deborah број 46.

fard_hi_0000

Усни: Усните исцртајте ги со моливче со меко срце (Bourjois број 24). Потоа усните пополнете ги со кармин во сјајно розева нијанса. За уште повисок сјај додадете го новиот Lip gloss broj 03 pink chic на Deborah.

Дајте му свежина на Вашето пролетно расположение со еден ваков колорит на разиграност на бои и чекорете храбро кон нови освојувања!

No comments: