Sunday, February 1, 2009

КАКО РЕАГИРА НАШАТА КОЖА НА ВРЕМЕНСКИ ПРОМЕНИ

Нашето лице постојано и директно е изложено на надворешните промени. Студот и ветерот особено штетно влијаат и допринесуваат за сувост, пукање и перутање на кожата. За да ја заштитиме и да го задржиме здравиот изглед на нашата кожа потребна и е секојдневна нега.

Се повеќе се верува во благородното дејство на природата па затоа ваквите студени денови и кога времето е пропратено со ветер, магла, дождови козметичката индустрија препорачува природни препарати со високо квалитетни растителни масла (маслиново, бадемово, јојобино), бидејќи тие ја задржуваат оптималната влажност на кожата и го спречуваат нејзиното сушење и пукање.

Како што старееме така и нашата кожа се менува. Со навлегување во триесетите, четириесетите, педесетите, кожата се повеќе ја губи еластичноста и станува се посува, па затоа и е поребна се поинтезивна нега. Во 20-тите години од животот кожата е помрсна, додека во 30-тите години станува комбинирана за во 40-тите години да стане сува. И оваа е нормално.

За да се задржи здравиот изглед потребно е секојдневно нанесување на крем за лице. Барем еднаш неделно пилинг, како и маска за подхранување на кожата.

Покрај тоа од време на време почестете ја Вашата кожа со тоник за освежување на кожата и ноќна хранлива крема која благородно ќе дејствува додека Вие спиете.

Може некои делови од вашето лице да не се однесуваат исто. На пример доколку вашиот нос е помрсен од останатите делови на лицето ставајте ги препаратите на сите делови од лицето освен на носот, бидејќи нема потреба за истиот.

No comments: