Sunday, January 18, 2009

MAX FACTOR NATURAL MINERALS ПУДРА – ВИДЕО КАКО ДА ЈА НАНЕСЕТЕ?

Оваа видео е објавено од страна на MaxfactorUK на YouTube. Оваа видео се однесува на нанесување на пудрата Natural Minerals на Max Factor од страна на професионалниот шминкер на Max Factor за Британија, Caroline Barnes.

Caroline Barnes наведува дека при нанесување на оваа пудра како и кај секоја најважно е да се подготви кожата на вашето лице бидејќи таа е основа за пудрата која ќе се нанесува. Важно е кожата добро да се очисти од сите нечистотии кои се наоѓаат на истата и така да може пудрата поубаво да изгледа на вашето лице.

Започнува со нанесување на посветла нијанса околу очите и челото и ќе можете да го видите движењето при нанесување на четката која е од 100% природно влакно и оди заедно со пудрата. За потемните делови кои со таа четка не можат да се опфатат се користи помала четка.

No comments: