Sunday, January 25, 2009

НЕВЕИДЛИВИ ЕФЕКТИ ВО СВЕТОТ НА УБАВИНАТА

Сигурно е дека постои некој што сте го сретнале (случајно или намерно) на кого постојано му се восхитувате и со секое ново сретнување истата личност да пробуди кај Вас одеднаш многу задоволени сетила и чувства.

На секого од нас самата кожа (ph) не ни мириса исто, па затоа и постојат различни видови и типови на мириси, парфеми, козметика. За да може секој да си пронајде за себеси нешто со што првенствено и пред се ќе си угоди на самиот себеси ќе мора да го направи вистинскиот избор. Не секој може сам да си го пружи тоа задоволство, а доволно е да им се препуштите на сопствените чувства, за да направите вистински избор за Вас. Ваквите одлучувања не се донесуваат брзоплето (само заради тоа што мојата пријателка го има тој мирис и многу убаво мириса ќе го имам и јас) туку индивидуално и спонтано.Оној момент кога самите ке бидете решени да појдете да изберете за себе е правиот момент, нетреба тоа чувство да го занемаруваме, потиснуваме или развлечуваме, затоа што секогаш шансите не се исти од аспекти: понуда за избор, време, финансии.

  • Понудата за избор во секое време и на секое место не е иста.
  • Времето кое што ни е на располагање (а,секогаш е кратко и не си го рачунаме) исто така исклучително е битно.
  • И секако финансии кои исто така се еден од клучните фактори, за да се направи вистинскиот избор.

Не дозволувајте постојано некој друг да прави избор кога се работи за Вашата кожа. Правиот избор само самите можете да си го направите.

Ви се случило веројатно исто така да приметите дека на некоја девојка/жена прекрасно и изгледа кожата, косата, стајлингот и да се запрашате како ли постигнува, колку е потребно за да се добијат сите тие ефекти? Денес постојат (сигурно сте слушнале) 2 во 1, 3 во 1 козметички препарати. На кои со нанесувањето крајната цел им е ефектот, за кој што ние плаќаме, а добиваме на изглед, време и пари. Пример, за да купите за секој еден ефект по еден производ ќе се случи да оставиме повеќе пари и дома да имаме еден куп козметички производи коишто зазамаат место плус се случува да не ги потрошиме навремено, па им изминал рок и слично. Тоа се фрлени пари (а на кого му треба такво нешто?)

Вака заштедуваме, а сме задоволни и тука е клучот за ефектната убавина.

Размислете и повелете!!!

No comments: