Sunday, January 4, 2009

ПРЕПОРАКИ ЗА 2009

Ќе се обидеме да Ви посочиме некои препораки за 2009 година, а кои ќе се поврзани со користењето на козметички производи. Овие препораки ги базираме на податоците од минатото како нешто што најповеќе се користело како и податоци од интернетот за овие производи и брендови.

  • Коса: Препорака број еден од наша страна кога станува збор за производи за нега на косата е KERAMINE H. Овој бренд кој иако е нов во Македонија и сеуште се пробива на пазарот веќе станува препознатлив за здрава коса и нега на коса. На еден американски форум (места каде луѓето бараат начини како да си ги решат своите проблеми) прочитавме како еден американец случајно кога бил на одмор во Италија го забележал брендот кој воопшто не се рекламирал во САД. Но кога го пробал вели дека „буквално почнала косата да му расте“.
  • Шминка: Кога станува збор за шминката како бренд кој ја обележа 2008 е Max Factor. Овој бренд во сите можни анализи застана на место број 1. Како втор бренд би ви го препорачале Bourjois кој како релативно нов бренд во Македонија брзо стана препознатлив по својот квалитет и ги задоволуваат потребите на корисниците.
  • Парфеми: Парфемите се категорија за себе. Нашата препорака е да пробате согласно можностите да користите првокласни парфеми. Направете математика и ќе се уверите зошто постои разлика во цената на копии и оригиналните парфеми. Оригиналните ставате еднаш дневно на вашата облека и ви мирисаат цела недела, додека копиите ставате 5 пати дневно и пак не мирисаат доволно и трајнсота им е слаба. Ставете цена на копија од 400 денари помножено со 5 (да претпоставиме дека трајноста е 5 пати поголема - иако оваа бројка е многу поголема) излегува 2000 денари (цена на еден од оригинални парфеми).
  • Козметика: Козметиката е доста специфична во поглед на пријатноста на кожата. Наша препорака е да го користите она што најмногу ви одговоара и со што се чувствувате најпријатно. Не користете козметички производи затоа што некој друг ги користи, базирајте се на вашите лични потреби и внимавајте на штетните состојки - доколку ги има. Сепак светскиот тренд во козметичката индустрија е да се користат природни состојки.
  • Фалсификати: На блогот пишувавме за фалсификати: Фалсификувани брендови и Фалсификувани козметички производи. По овие наши текстови видовме доста подобрувања кај некои од нашите конкуренти. Ние сме задоволни што по една година постоење можеме да влијаеме на некои кои постојат 20 години. Куманово заслужува квалитет. Наша препорака е да не користите фалсификати, тие можат да ви нанесат поголема штета од колку корист со малку пониска цена.

Ова се само дел од препораки кои можеме да ги дадеме за 2009 година. Се надеваме дека ќе ви користат и дека 2009-тата година ќе биде подобра и поубава за сите нас.

No comments: