Во козметичката индустрија се повеќе станува пракса да се произведуваат шминки со природни минерали. Како пример може да биде најновата пудра на МАКС ФАКТОР со природни минерали. Минерална шминка е онаа шминка која содржи само природни состојки. Луѓето во светот се повеќе се свртуваат кон природни производи и природен изглед. Минералната шминка е таа која ги исполнува овие
идеали. Минералната шминка нема да ја оштети вашата кожа со непожелни состојки како што може традиционалната шминка. Минералната шминка овозможува кожата да биде поатрактивна и обсјаена со здрави тонови по одреден период на користење.Нанесување на минерална шминка која содржи исклучителни карактеристики кои доаѓаат директно од природата претставува едноставен процес. Природните квалификации на минерална шминка резултираат во производ кој е доста благ и нежен на кожата, при што ќе обезбеди целосно покривање но и ќе обезбеди доволно чувство дека немате ставено ништо од шминката. Состојките кои се наоѓаат во минерална шминка не предизвикуваат блокади и затнувања на порите на кожата при што ви овозможуваат да имате прекрасна кожа.
Карактеристиките на минералната шминка се:
- Лесна е на кожата (една од најсилните карактеристики)
- Лесно се размачкува на кожата и прилагодува на бојата на кожата
- Ја нагласува природната елеганција и неможе да се примети
Луѓето кои патат од акни, сега ќе може да користат козметички производи кои се природни и не ги затнуваат порите на кожата со што би предизвикале поголеми проблеми.
No comments:
Post a Comment