Sunday, December 7, 2008

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ И ШМИНКА

Жените претприемачи претставуваат жени кои основале и успешно водат сопствен бизнис. Во последно време во книгите и списанијата за претприемништво се повеќе се обрнува внимание на поглавјето за жени претприемачи. Веќе и да не постои книга за претприемништвото во која како посебно поглавје не се обработува темата за жени претприемачи.

Но, сепак постојат и поинакви видувања кои треба да се заборават, но кај нас претставуваат реалност. Во некои средини сеуште се мисли дека жените се за дома, а не за бизнис. Во тие средини сеуште образованието на жените се завршува со основно училиште и е незамисливо жената да излезе од домашните и земјоделските работи. Од друга страна радува фактот што се повеќе жени активно се вклучуваат во стартување и водење на успешен бизнис.

Во последниве години во светски рамки се изродува нов термин mompreneur (мајки претприемачи) кој представува еден дел од популацијата жени претприемачи. Овој термин е кованица за жена која основа сопствен бизнис додека од друга страна продолжува со полно работно време да биде родител-мајка на своите деца. Оваа популација на жени е во растечки број во светот поради фактот што мајките се обидуваат да изнајдат начини да заработат пари, нагласувајќи ја сопствената креативност.

Бидејќи се повеќе жените земаат активно учество во стартување и управување на сопствени бизниси се помалку останува време да бидат стереотипни жени. А, од друга страна активното учество во бизнис животот бара да останат понежен пол, односно да размислуваат на својата убавина. Но, ова одзема доста време.

Еден работен ден може да изгледа како: станување рано наутро, средување, шминкање, одење на работа, пиење кафе, шминкање, состанок, шминкање, некоја работна активност, ручек, шминкање, попладневен состанок, шминкање. Забележуваме дека 5 пати се повторува една активност шминкање. Јапонците користат менаџмент филозофии кои се однесуваат на исфрлување на сите процеси кои не додаваат вредност. И тука можеме да констатираме еден процес кој се повторува повеќе пати во текот на денот. Како да изгледаме убаво без да се шминкаме 5 и повеќе пати во текот на денот? Проблемот може да се реши со поквалитетни шминки на кои стои ознаката трајни (LONGLASTING).  Ова се шминки кои со едно утринско нанесување траат цел ден.

No comments: